Студентот по архитектура од факултетот за уметност во Калифорнија, Луџак Дисотел, креирал прекрасен минималистички концепт кој целосно го засенува традиционалниот изглед на јахтите, овозможувајќи едно сосема ново искуство. Инспириран од лего коцките кои меѓусебно се спојуваат, како и од архитектурата на облакодерите, тој дизајнирал брод кој е организиран вертикално во 3 правоаголни простории кои овозможуваат максимизирање на дневниот простор за гостите и екипажот.rnrn
rnrnБлагодарение на уникатно составените суперструктури и стаклените прозорци кои се протегаат од подот, па сѐ до таванот, можете да уживате во неверојатниот поглед кон океанот од сите делови на бродот. Внатрешноста, која вклучува елеганција исто како и надворешноста на јахтата, ветува луксузно патување за сите патници. Погледнете…rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





