КАФЕ ПАУЗА

Шик пунџа за секоја прилика за која ви се потребни само 5 минути

Шик пунџа за секоја прилика за која ви се потребни само 5 минути

Нема потреба да посетувате фризер секогаш кога имате некој важен настан. Постојат многу фризури кои се прават за само неколку минути, а нема шанси да ги погрешите. Една од нив е и француската плетенка, која можете да погледнете како се прави во продолжение.rnrnШик пунџа за секоја прилика за која ви се потребни само 5 минутиrnrnОваа пунџа е совршен избор за излегување, за на работа или за некоја свеченост, а одлична е и доколку немате време да ја измиете косата.rnrnНајпрво исчешлајте ја косата и од десната страна земете два прамени со широчина од околу 1 сантиметар. Доколку имате шишки или сакате да оставите некој слободен прамен, издвојте го уште сега.rnrnШик пунџа за секоја прилика за која ви се потребни само 5 минутиrnrnПочнете да правите плетенка така што ќе го префрлате десниот прамен преку левиот и левиот ќе дојде долу и ќе стане „десен“. Потоа на секој „десен“ прамен додавајте уште малку коса и префрлајте го преку левиот.rnrnДобро затегнете ја плетенката во пределот зад ушите. Исплетете ја косата до вратот, па заврзете ја со ластиче.rnrnШик пунџа за секоја прилика за која ви се потребни само 5 минутиrnrnОстанатиот дел од косата повторно поделете го во два прамени и префрлајте ги еден преку друг до крајот. Кога ќе го врзувате, направите мала пунџа со ластичето така што крајот на опавчето да не биде премногу долго и да не излегува од пунџата.rnrnНа крај направете пунџа со исплетената коса и прицврстете ја со неколку шноли и вашата фризура е готова.rnrnЗа пунџата да трае подолго, прицврстете ја со повеќе шноли и фаќајте што е можно помалку коса со нив. Доколку фатите премногу коса со една шнола, таа нема да издржи и фризурата ќе се растури многу брзо.rnrnЗа подетални инструкции, погледнете го и видеото во продолжение.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=376&v=FZj_sZfZ4nIrnrnПробајте да ја направите и оваа превртена француска плетенка подигната во пунџа.