КАФЕ ПАУЗА

5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјето

5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјето

Од подобар имунитет до подобар сон, еве како пријателството и социјалните врски го подобруваат вашето здравје. Причина повеќе да бидете подружељубиви уште од денес!rnrn5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјетоrn

1. Поголем имунитет

rnСпоред едно интересно истражување спроведено од страна на Списанието на американското медицинско здружение, луѓето кои редовно ги одржувале врските со пријателите и колегите од работа, се поимуни на настинки и вируси. Имено, истражувањето било спроведено така што на здрави луѓе им биле дадени капки за нос кои носеле вирус. Оние кои одржувале 6 или повеќе видови социјални врски (на пример, колеги од работа, познајници, соседи, блиски пријатели и слично), имале дури 4 пати помала веројатност да се разболат од оние кои одржувале помалку пријателства.rn

2. Помалку стрес

rnИстражувачите од Универзитетот во Лондон го измериле нивото на кортизол (еден од показателите на хроничен стрес), 30 минути по будењето на испитаниците. Откриле дека нивото кај осамените личности е за 21% повисоко отколку кај социјално активните.rn

3. Подобри когнитивни способности

rnДружењето и комуникацијата се вежби за вашиот мозок. Оние кои почесто се во некаква интеракција со другите имаат подобри когнитивни способности. Едно истражување на американското списание за јавно здравство спроведено меѓу постарите жени, открило дека ризикот за појава на деменција (оштетување на мозокот и нарушување на менталните процеси), е за 43% помал кај оние кои секојдневно се среќавале и комуницирале со пријателите.rnrn5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјетоrn

4. Понизок крвен притисок

rnИстражувањата покажале дека луѓето со хипертензија (висок крвен притисок), кои се во добра комуникација со своите пријатели имаат за третина помала веројатност состојбата неконтролирано да им се влошува. Во друго истражување каде состојбата на испитаниците се следела 4 години, се докажало дека оние кои не се осамени имаат понизок крвен притисок од оние кои се социјално изолирани.rn

5. Подобар сон

rnВо едно истражување спроведено од страна на Списанието за психолошка наука, истражувачите ја следеле состојбата на студентите и донеле заклучок дека оние кои се поповрзани со своите колеги во просек заспиваат за 14 минути побрзо и минуваат помалку време будни во текот на ноќта, за разлика од оние кои биле помалку друштвени.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.