Јаткастите плодови се многу здрави, но само ако ги консумирате во умерени количини. Во спротивно може да имате несакани последици. Плодовите како што се оревите, бадемите и индиските ореви се навистина важен дел од исхраната, меѓутоа не се препорачува да ја надминете препорачаната дневна доза од овие плодови, која изнесува 50 до 100 грама.rnrn
rnrnЕве што може да се случи доколку претерате со консумирањето на овие плодови.rn
Дебелеење
rnБројни научни студии покажале дека јаткастите плодови можат да помогнат при слабеењето. Но тоа се однесува на умереното консумирање, а во случај да се внесува повеќе од препорачаната дневна количина, може да дојде до спротивен ефект. Јаткастите плодови навистина се здрави, но истовремено и многу калорични, па внимавајте доколку не сакате да се здебелите.rn
Проблеми со варењето
rnАко после консумирањето на јаткастите плодови се чувствувате подуено, не сте единствени. Подуеноста најчесто е последица на танинот, материја која го отежнува варењето на храната. За да го избегнете тоа, едноставно придржувајте се до препорачаната дневна доза од овие вкусни намирници.rn
Слабеење на ноктите и косата, воспаление на мускули, болки во зглобовите
rnСите овие нешта се симптоми на труење од селен, до кое може да дојде како последица на консумирањето огромни количини јаткасти плодови. Иако оваа појава е многу ретка, сепак е уште една причина да го ограничите внесувањето на јаткастите плодови во прекумерни количини, поголеми од препорачаната дневна доза.