И попладневните часови од денот можат да бидат одлични за малку кафе и сладок десерт. Погледнете кои се најдобрите десерти со кафе, направени за уживање.rn
1. Сладолед со еспресо
rnЕдноставен и вкусен рецепт. Одберете си го омилениот вкус на сладолед и само полијте го со малку еспресо. Благиот вкус на сладоледот совршено се вклопува со горчината на кафето. Едноставно, мора да го пробате.rn
2. Мока колач
rnКога правите торта, во филот додајте и малку кафе. Ќе добиете одличен и невообичаен вкус. Секако, може да послужите со шолја кафе, за вистинските љубители.rn
3. Кафе и други додатоци
rnНаправете го кафето посебно искуство. Додадете крем, шеќер, цимет и други додатоци. Повикајте ги пријателите и уживајте заедно.rn
4. Шејк со кафе
rnНа класичниот рецепт за милкшејк, само додадете кафе. Ќе добиете сосема нов и прекрасен вкус.rn
5. Тирамису
rnОва можеби е најпознатиот десерт со кафе. Постои во многу варијанти, но која и да ја одберете нема да погрешите. Со или без алкохол, овој десерт е секогаш вкусен.rn
6. Колач со кафе
rnСамо земете готов колач од супермаркет и при секое послужување одозгора посипете со малку еспресо или друг вид кафе. Лесно и вкусно.rn
7. Чизкејк со кафе и карамел
rnНаправете ја основата на чизкејкот, а при мешањето на другата смеса додадете и кафе. На крајот посипете со течен карамел. Резултатот ќе биде одличен.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

