Десерт во боите и вкусот на есента…
rnrn
rnrn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 190 г брашно
- 165 г кафеав шеќер
- 170 г путер
- 100 г шеќер
- 450 г крем-сирење
- 2 јајца
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 3 кисели јаболка, излупени и исечкани
- ½ лажичка цимет
- ¼ лажичка морско оревче
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnrnЗа да ја направите кората измешајте 125 грама брашно, 55 грама кафеав шеќер и 110 грама путер. Ставете ги состојките во блендер и мешајте додека да добиете трошливо тесто. Истурете го тестото во тавче и печете на 180 степени Целзиусови 5-6 минути, додека не добие кафеава боја.rnrnЗа филот, комбинирајте го крем-сирењето со 100 грама шеќер, јајцата, ванилиниот екстракт и мешајте додека состојките убаво не се соединат. Можете да ги измешате во блендер. Сипете го филот врз подготвениот пандишпан. Одозгора ставете ги сечканите јаболка, попрскајте ги со шеќер, цимет и морско оревче.rnrnЗа преливот, искомбинирајте 65 грама брашно, 110 грама кафеав шеќер и 60 грама путер. Измешајте ги состојките рачно и потоа истурете ја добиената смеса како најгорен слој. Ставете го тавчето во рерна и печете уште 30-35 минути. Додадете сос од карамела и дозволете му на десертот да се излади пред да го сервирате. Потоа, бидете сигурни дека набрзина ќе го снема.rnrn
rnrn
За да подготвите карамела сос, потребни ви се:
rn
- rn011
- 210 г шеќер
- 85 г путер
- 120 мл шлаг пена
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnrnИзвадете ги состојките на работната маса, бидејќи за подготовка на карамела сос мора да работите брзо. Користете длабоко тенџере со дебело дно и имајте ракавици за жешко во близина. Загревајте го шеќерот на средно-висока температура и како што ќе почнува да се топи, така почнете енергично да мешате со маталка или со дрвена лажица. Штом шеќерот почне да врие, престанете да мешате. Штом се растопат сите кристалчиња шеќер (течниот шеќер треба да има карамела-боја) веднаш додадете го путерот и мешајте додека и тој не се растопи. Тргнете го тенџерето од рингла и за неколку секунди почнете полека да ја додавате шлаг пената, постојано мешајќи за да се соедини. Бидете внимателни, во овој момент, смесата ќе почне да пени и значително да се крева нагоре. Мешајте сè додека сосот не стане мазен. Оставете го малку да се излади, а потоа складирајте го во стаклена тегла и оставете го сосема да се излади на собна температура. Потоа ставете го во фрижидер каде може да го чувате до две недели, а пред секоја употреба, загревајте ја потребната количина.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
