Кученцата може да ви бидат посебна слабост, а некои раси се неодоливо слатки дури и кога ќе пораснат. Прочитајте кои раси кучиња секогаш изгледаат како меки топки.rn
1. Јоркширски териер
rn
rnrnОваа раса е најдобриот пример за убава влакнеста топка која речиси никогаш не се заморува. Овие кучиња може да бидат физички мали, но тие имаат посебен карактер.rn
2. Малтешка пудла
rn
rnrnСопственикот ќе биде опсипан со внимание. Овие кучиња се живи и полни со енергија и се согласуваат добро со луѓето и со другите кучиња. Тие ги сакаат своите сопственици толку многу што ако ги оставите сами предолго, тие можат да станат вознемирени и депресивни.rn
3. Ших цу
rn
rnrnЗа прекрасниот изглед на овие кучиња треба да се грижите постојано ако сакате да остане таков, а тоа вклучува секојдневно чешлање. Тие се одлично друштво за возрасни и за малку поголеми деца.rn
4. Померанец
rn
rnrnПомеранецот е уште една минијатурна бушава раса во која може да се вљубите многу лесно. Овие кучиња се паметни, љубопитни и игриви. Поради нивната интелигенција, тие добро реагираат на дресура. Не се сложуваат многу добро со децата, но ги обожаваат мачките.rn
5. Хаванезе
rn
rnrnОвие кучиња се многу шармантни, нивното крзно е меко како свила и е лесно за одржување. Тие сакаат да се гушкаат и не сакаат да се одделат од сопственикот.rn
6. Бишон
rn
rnrnОвие кучиња изгледаат како меки снегулки. Но, нека не ве залажува нивниот изглед, тие се прилично борбени и најмногу уживаат да си играат со сопственикот. Тие се многу лесни за чување, им требаат една до две прошетки на ден за да ги истегнат нозете, но најважно е што сакаат да бидат во близина на сопственикот. Иако се борбени, тие не се доминантни и одлично се согласуваат со другите кучиња.rn
7. Ласа апсо
rn
rnrnОваа раса мали, но упорни кучиња потекнува од Тибет. Одлично се согласуваат со деца, со луѓе и со други домашни миленици, така што ќе бидат најдобриот придружен член на секое семејство. Овие кучиња се многу приврзани и бестрашни и бараат многу внимание и галење. Со оглед на нивното долго и свилено крзно, одењето во салон за убавина за кучиња може да стане дел од вашето секојдневие.rn
8. Пудлица
rn
rnrnОва остроумно куче „цвета“ во друштво на луѓе и е лесно за обучување. Нивниот изглед можеби не го открива тоа, но пудлите се многу издржливи и се добри кучиња чувари. Многу се послушни, сакаат да си играат и секогаш бараат некое ново хоби.rn
9. Болоњско куче
rn
rnrnАко барате мало куче кое нема репутација на нервозно куче, ова куче би можело да биде совршеното милениче за вас.rn
10. Јапонски шпаниел
rn
rnrnСè додека се близу до своите сопственици, овие кучиња со карактеристики на мачки ќе бидат многу задоволни и среќни. Јапонските шпаниели ги краси опуштена природа и поради тоа често се користат како кучиња за терапија.rnrnПрочитајте кои 5 раси на кучиња можат да помогнат во борбата против депресијата.