Зелката е една од ретките, ако не и единствена природна намирница која човекот успеал да ја подобри, односно да ѝ ги зголеми нутритивните својства преку процесот на киселење. Богатството од калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар, ја прави киселата зелка многу корисна за нашето здравје.rnrn
rnrnЗелката преку процесот на киселење (ферментација) создава исклучително активен кобаламин (витаминот Б12), кој инаку исклучиво може да се најде во намирниците од животинско потекло. Поради оваа причина киселата зелка е неизоставна намирница за вегетаријанците.rnrnПовеќегодишните истражувања потврдуваат дека киселата зелка содржи големо количество на витамин Ц (во 100 г зелка има 50 мг витамин Ц). Покрај тоа, киселата зелка крие вистинско богатство од пиридоксин (витамин Б6), без кој инаку протеините воопшто не би биле искористени. Исто така киселата зелка е богат извор на нијацин (витамин Б3), кој е потребен за целосниот метаболизам, енергија и размена на материи во мозокот.rn
Расол
rnПознато е дека расолот е пијалак кој се препорачува како лек за тегоби поврзани со варењето, како и народен лек за смалување на отоците на зглобовите.rnrnМеѓутоа, малку е познато дека сокот од кисела зелка не е богат само со витамин Ц, туку е и лековит пијалак со широк спектар на дејства. Со експерименти е докажано дека со сок од свежа зелка успешно се лечи чир на желудник и воспаление на дебелото црево. Помешан со сок од морков и репка, расолот е одличен пијалак за оние кои имаат недостаток на калциум. Исто така се препорачува да го пијат жени во средни години за да го спречат процесот на остеопороза.rn
Лековити својства
rn1. Го подобрува расположениетоrn2. Го прави организмот отпорен на стресrn3. Ја активира размената на материи во мозокотrn4. Помага при создавањето на црвени крвни зрнцаrn5. Ја стимулира работата на клетките и подмладуваrn6. Помага за зајакнување на коскитеrn7. Ја регулира и намалува количината на масни материи и холестерол во крвтаrn8. Го зајакнува имунитетот и ја зголемува силата на мускулитеrn9. Придонесува за обновување на истрошеното сврзно ткивоrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.