Црно-белата журка „Shape“ ќе ја одбележи годината

Црно-белата журка „Shape“ ќе ја одбележи годината

500 гости меѓу кои познати урбани градски лица и ВИП, ја имаа привилегијата да присуствуваат во петокот вечер на црно-белата „Shape“ журка, во „Сити хол“.

Црно-белата журка „Shape“ ќе ја одбележи годината

Стилизирани во вечно модерен црно-бел стил гостите идеално се вклопија во посебниот декор за овој настан.

Расположението го подигнаа добро провереното и потврдено дуо DJ Branchez & Bobi и ја подготвија атмосферата за несекојдневната хорска изведба на мегапопуларните хитови на Готје, Тиесто, Анита Келси и други.

Црно-белата журка „Shape“ ќе ја одбележи годината

Кулминација на настанот беше френетичниот настап на екстравагантната електрична атракција, гудачкиот квартет „ALektik“ од Србија, чиј настап беше празник за сите сетила и тоа не само за почитувачите на т.н crossover, туку и за сите оние кои уживаат во неконвенционалниот, но толку популарен спој на класичното и модерното.

Сè на сè, вечната класика на „црно-белиот свет“ со убавината на минимализмот и совршеното расположение, мајсторски беа артикулирани во оваа сосема екстравагантна ноќ.

Црно-белата журка „Shape“ ќе ја одбележи годината Црно-белата журка „Shape“ ќе ја одбележи годината Црно-белата журка „Shape“ ќе ја одбележи годината Црно-белата журка „Shape“ ќе ја одбележи годината Црно-белата журка „Shape“ ќе ја одбележи годината Црно-белата журка „Shape“ ќе ја одбележи годината Црно-белата журка „Shape“ ќе ја одбележи годината


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар