КАФЕ ПАУЗА

Големиот Попа – булдогот кој е тажен, бидејќи не може да си игра надвор со децата

Со моменталното седење дома, може да се претпостави дека повеќето домашни миленичиња уживаат во времето поминато со нивните омилени луѓе. Сепак, исто како и човечките суштества, некои домашни миленици не можат да го прифатат целосното затворање дома. Меѓу нив е и тригодишниот булдог по име Големиот Попа или Поп како што го нарекува неговата стопанка Рашида Елис.rnrnhttps://twitter.com/RaeElle/status/1252771823864995841rnrnЕлис неодамна споделила фотографија од Поп како седи на балконот со намуртено лице. Кученцето гледало како некои деца си играле надвор и многу сакало да им се придружи, па дури и правело звуци за да им го привлече вниманието. За жал, децата не го слушнале, бидејќи тој бил премногу далеку и тоа многу го натажило. Очигледно е дека за време на изолацијата Поп копнее да биде помеѓу луѓето.rnrnrnrnКако што гледате, Поп е исклучително социјално куче. Тој сака да се дружи со деца, возрасни како и со други кучиња, па седењето дома и социјалното дистанцирање му се голем предизвик.rnrnrnrnrnrnrnrnЗапознајте ја и оваа желка која е толку стара што има живеено во 3 века.