Ретроградниот Меркур во Скорпија настапи на 31 октомври. Ова е трета ретроградност на Меркур оваа година и со себе носи острина, истрајност, скептицизам и сомнеж. Подолу, дознајте што носи ретроградноста на Меркур и како тоа може да влијае на вас.rnrn
rnrnОвој период ќе трае до 20. ноември и на знаците им донесува нагласена интуиција, на која, овој пат може целосно да се потпрат. Сето она што ќе го почувствувате, може да сметате дека ќе се оствари.rnrnРетроградниот Меркур најсилно го чувствуваат фиксните знаци – Девица, Близнаци, Вага и Риби, но и другите знаци можно е да доживеат големи и неочекувани промени. Кога владее ретроградниот Меркур, треба да избегнувате потпишување на важни договори, а ако веќе морате, треба да бидете претпазливи каде го ставате вашиот потпис. За сите големи одлуки, почекајте до 20 ноември.rnrnШто се однесува до љубовта, многу знаци може да имаат проблеми на ова поле, бидејќи Меркур носи кавги, тајни, сомнежи, но и разоткривања. Треба да се избегнуваат опсесивните мисли, љубомората, навлегувањето во подлабоки проблеми и „копањето“ по туѓото минато.rnrnДодека е Меркур во ретроградна позиција, може да имате потреба насилно да реагирате, да се преиспитувате и да почувствувате пад на самодовербата. Во овој период, исто така, ќе ги забележите и своите грешки и ќе размислувате како да ги исправите и да се подобрите. Почекајте да помине ретроградноста на Меркур, а со него и периодот на самоиспитување за да почнете да дејствувате со цел да се подобрите во љубовта и во бизнисот.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа кои мажи се најдобри според хороскопските знаци.
Потпрете се на вашата интуиција! Ретроградниот Меркур носи тајни и кавги, а овие четири знаци ќе поминат најлошо!
