Автор: Ема Јакимовска
Кориците на една книга многу говорат за креативноста на артистот и неговата способност содржината и мотивот на делото да ги претстави во една слика. Иако многупати сме наишле на извонредни корици на книги, кои знаат бескрајно да нè воодушеват, сепак тука се и оние со елементи кои постојано се појавуваат, па дури и преминуваат во неподносливи клишеа. Еве кои се најголемите 20.rnrn
1. Страшна силуета на маж
rn трилер со интересна содржинаrn
2. Жена која во рацете држи кафез за птици
rn морничава приказна во стилот на „Жената во црно“rn
3. Мрачен човек кој минува крај ограда
rn криминалистички роман со тешки психолошки премрежија на главниот ликrn
4. Додадете и магла за ефект
rn Како претходниот само со маглаrn
5. Жена во долг бел фустан
rn женски роман, но од оние подлабоките и поиздржанитеrn
6. Жена со фустан со гол грб
rn роман за високото општество од дваесеттите и триесеттите години на минатиот векrn
7. Човек кој држи меч
rn епска приказна, која обично се состои од повеќе деловиrn
8. Човек во наметка
rn повторно некој епски роман, но овој пат со некој калуѓер-волшебникrn
9. Човек кој држи меч, облечен во наметка
rn повторно фантастичен роман, но со нинџа/самурај елементrn
10. Жена која замислено гледа кон морска шир
rn романтичен роман за љубов, загуба, каење, што лесно се читаrn
11. Сенка на човек кој чекори во далечината
rn концизен, напнат, остар трилерrn
12. Жена со куфери
rn белетристика, приказна за досадна материјалистичка двојка и нивните брачни проблемиrn
13. Женски нозе
rn комедија, смешна приказна за чудна и искомплексирана жена на која очајно ѝ треба љубовrn
14. Црно-црвени нијанси и готски фонт
rn нешто во стилот на „Самрак“rn
15. Розово или виолетово и светкаво
rn лесна женска литература, која се продава во неверојатни тиражиrn
16. Високи штикли, матни нијанси
rn евтин дупликат на „Педесет нијанси на сиво“rn
17. Накит, матни нијанси
rn како и претходниот, само со повеќе романтични елементиrn
18. Тажен израз на детенце, ракописен наслов
rn тажна приказна базирана на вистински настанrn
19. Бесконечен мрачен пат
rn добар, авантуристички роман, за кој веќе се спремаат филмски верзииrn
20. Само неколку илустрирани лисја
rn четива на најразлични теми, совршени за подарок
Доколку ве заинтригиравме, погледнете ги блоговите The Book Smugglers и Caustic Cover Critic каде можете да погледнете уште многу интересни примери на клишеа кои постојано ги среќаваме на кориците на книгите.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

