Малите и глупави навики на почетокот изгледаат неважни, па понекогаш и смешни. Но, со текот на времето може да кулминираат во уништување на врската. Погледнете некои од навидум безопасните навики кои постепено ја влошуваат вашата врска.
rn
1. Не зборувате за проблемите
rnАко не зборувате за проблемите со цел да избегнете расправии, вие ризикувате проблемот да стане поголем во иднина. Кога нешто не е во ред, кажете му на вашиот партнер за што побрзо да дојдете до решение.rn
2. Се преправате дека се согласувате
rnКога го правите ова, вашиот партнер добива лажна слика за вашиот карактер. После некое време партнерот ќе почне да очекува работи од вас без вие да знаете. Ова може да биде причина за многу недоразбирања. Секогаш е важно да бидете искрени за своето мислење.rn
3. Премногу се шегувате на сметка на партнерот
rnШегите се забавни на почетокот, но ако ја преминете границата и шегите ги претворите во навреди, ќе ја уништите вашата врска. Понекогаш и невината шега може да предизвика партнерот да се чувствува лошо. Затоа, внимавајте на вашите зборови.rn
4. Постојано жалење
rnПостојат луѓе кои не се задоволуваат со ништо, па постојано се жалат. Овие луѓе е тешко да ги задоволете бидејќи секогаш очекуваат премногу. Немојте да бидете оваа личност во вашата врска.rn
5. „Казнување“ со молчење
rnОвој систем на решавање проблеми ниту е ефективен ниту пак е пријатен. Ако сте гневни на партнерот, најдобро е да му кажете за да го решите проблемот. Комуникацијата е тајната за здрава врска.rn
6. Создавате сцени во јавноста
rnПостојат луѓе кои сакаат да го покажат приватниот живот правејќи вистински сцени во јавноста. Ако не се согласувате со партнерот, тоа нека остане меѓу вас. Никој не мора да знае. Тоа е ваш проблем, и само вие двајцата можете да го решите.rn
7. Не се грижите за себе
rnНевозможно е да сакате некој ако не се сакате себе. Вашата врска почнува со вас и не можете да го дадете најдоброто од себе ако не водите грижа за вас. Ако не сте свесни за вашите потреби, не можете да ги знаете и оние на партнерот.rn
8. Ги помнете и се навраќате на старите расправии
rnОва е можеби најлошото нешто во врската. Нема потреба да се навраќате на проблемите кои сте ги решиле со цел да го обвините партнерот. Ова секогаш резултира со бесконечно обвинување и наместо да живеете во сегашноста, вие постојано сте фокусирани на минатото.rn
9. Кажувате „пола вистини“
rnИ најгорчливата вистина е секогаш подобра од слатките лаги, бидејќи е навистина болно да дознаете дека личноста која ја сакате ве лажела. Кога целата врска ќе ви биде заснована на мали лаги, таа нема долго да трае.rn
10. Мислите само на себе
rnПокрај вашите, треба да се грижите и за потребите на партнерот. Кога врската се врти само околу една личност, таа се претвора во борба за егото наместо во романтична врска.
Погледнете ги и навиките во врската кои се здрави иако не изгледаат така.


