КАФЕ ПАУЗА

10 необични примени на лушпата од банана

10 необични примени на лушпата од банана

Written by

in

,

Најчесто, лушпите од банана завршуваат во кантата за отпадоци, после јадењето на плодот. Меѓутоа, дали сте знаеле дека постојат разни чудотворни примени на овој честопати занемарен продукт? Кората од банана, може да ја употребувате во кујната, како средство за чистење или пак како дел од вашата рутина за разубавување.rnrnВо продолжение, прочитајте ги овие 10 практични и корисни примени на лушпите од банана, кои дефинитивно ќе го променат начинот на којшто го перципирате ова овошје.rn

1. Лушпата од банана помага во борбата против акните

rn10 необични примени на лушпата од бананаrnrnЛушпите од ова овошје содржат витамин Ц и витамин Е, како и калиум, цинк, железо и манган. Овие хранливи материи можат да ја смират иритираната кожа и да ја спречат појавата на акни. Исто така, кората содржи лутеин и каротеноиди, состојки коишто се растворливи во масти, а кои исто така се борат против воспаленијата и акните.rnrnУпатство: Протријте кора од банана на вашата кожа и оставете ја маската да стои 5-10 минути. Потоа, измијте ја кожата. Повторувате го овој трик за убавина, 2 пати дневно.rn

2. Лушпата од банана ги намалува брчките

rn10 необични примени на лушпата од бананаrnrnБрчките на лицето се појавуваат кога кожата почнува да ја губи својата еластичност и цврстина. Антиоксидансите и витаминот Ц, коишто се наоѓаат во кората од банана, може да ја намали видливоста на брчките.rnrnУпатство: Протријте кора од банана на вашата кожа и оставете ја маската да делува барем 30-тина минути или преспијте со неа. Потоа, измијте го вашето лице и нанесете хидратантна крема. Повторувајте го третманот 3 пати неделно.rn

3. Со лушпата од банана можете да полирате сребро

rn10 необични примени на лушпата од бананаrnrnКога среброто ќе започне да го губи својот сјај или ќе почне да потемнува, пробајте да го освежите со кора од банана. Внатрешната страна од кората содржи состојки како што е на пример калиумот, којшто успешно ги чисти предметите направени од метал.rnrnУпатство: Земете лушпи од банана и ставете ги во блендер. Додадете околу 100 мл вода и миксирајте, додека не се формира паста. Потоа, тријте го среброто со пастата неколку минути, додека не му се врати сјајот.rn

4. Со лушпата од банана можете да ги отстраните острите шпицови заглавени во кожата

rn10 необични примени на лушпата од бананаrnrnКората од банана е богата со ензими, коишто имаат ефект на извлекување делчиња од страни предмети, заглавени на површината од кожата, како што се игличките од дрво или ситни срчи од стакло. Со моќта на кората од банана, ќе можете едноставно да ги извлечете ситните парчиња од кожата со пинцета.rnrnУпатство: Нанесете кора од зрела банана на афектираниот дел од кожата и оставете да отстои околу 15 минути. Нежно отстранете ги остатоците, без да ги триете во кожата. Потоа, извлечете го шпицот од кожата, лесно и брзо со пинцетата.rn

5. Лушпата од банана е одлично ѓубриво за вашите растенија

rn10 необични примени на лушпата од бананаrnrnДоколку додадете лушпа од банана во земјата на растенијата, ќе им овозможите да апсорбираат калциум, магнезиум, сулфур, фосфати, калиум и натриум, а сите тие се од витално значење за здравиот раст на вашите растенија.rnrnУпатство: Пресечете ја кората од банана, на помали парчиња. Вкопајте ги во земјата на растенијата коишто сакате да ги наѓубрите, најдобро веднаш до корењата. Потоа, пополнете ги направените дупки со земјата и веднаш наводнете ги растенијата.rn

6. Избелете ги вашите заби со лушпа од банана

rn10 необични примени на лушпата од бананаrnrnЗрелите лушпи од банана се многу богати со калиум, па тие можат да ви помогнат да ги намалите жолтите дамки на забите, коишто се јавуваат како резултат на пиење кафе, чај или јадење боровинки и малини.rnrnУпатство: Првин, измијте ги убаво забите со четка за заби и паста и исплакнете ја устата. Потоа, со внатрешниот дел од кората, тријте ги забите околу 2 минути. Повторно исплакнете ја устата и повторувајте ја оваа постапка, на секојдневна база.rn

7. Лушпата од банана ја намалува видливоста на лузните

rn10 необични примени на лушпата од бананаrnrnЛушпите од банана имаат моќ драстично да ги намалат разните иритации на кожата, како што се отоците, црвенилата и лузните. Тие воедно содржат и естерифицирани масни киселини, коишто често се издвојуваат од лушпите и се користат како состојка во разни креми за намалување на видливоста на лузните.rnrnУпатство: Земете една кора од банана и нанесете ја на афектираната кожа. Оставете ја да делува еден час или во текот на ноќта. Повторувајте ја постапката секој ден.rn

8. Лушпите од банана помагаат во борбата против мигрените и главоболките

rn10 необични примени на лушпата од бананаrnrnДоколку сте во потрага по природен лек за вашите главоболки, не го барајте подалеку од вашата кошничка со овошје. Ако ја нанесете врз челото и на задниот дел од вратот, тоа може да ви помогне да ја надминете болката. Ваквиот ефект, се должи на калиумот којшто го содржи лушпата.rnrnУпатство: Ставете ја кората од банана во фрижидер, во времетраење од еден час. Нанесете ја едната половина од лушпата по должината на челото, а другата на тилот. Оставете да седат така, сè додека не се стоплат. Повторете ја постапката со други ладни лушпи, доколку сè уште чувствувате главоболка и забележете како болката полека исчезнува.rn

9. Лушпата од банана како омекнувач на месо

rn10 необични примени на лушпата од бананаrnrnДоколку сакате вашето месо да ја задржи својата сочност и мекост, додадете малку зрела лушпа од банана во тавата за печење. Благодарение на овој трик, ќе бидете сигурни дека месото ќе ги задржи соковите додека се пече во рерната и ќе има богат вкус. Во суштина, лушпата од банана му служи како ќебе на месото, бидејќи му овозможува добро да се испече, а истовремено спречува испарување на неговата влажност.rn

10. Лушпата од банана го намалува чешањето на кожата

rn10 необични примени на лушпата од бананаrnrnСте знаеле ли дека лушпата од ова овошје, е одличен домашен лек против чешање? Таа содржи хистамин и хранливи материи како што се магнезиум, витамин Ц и витамин Е. Употребете ја внатрешноста од кората, за да го намалите чешањето од убод од отровен бршлен и комарец.rnrnУпатство: Поставете ја кората од внатрешната страна, на афектираниот дел од кожата. Оставете ја да стои 10-15 минути. Отстранете ја и повторете ја постапката на евентуалните преостанати афектирани делови.rnrnМоже да ве интересира и како да ја омекнете кожата на нозете со лушпа од банана?