Ресторанот „Ikibana“ се наоѓа во Барселона и е распослан на површина од 260 квадратни метри. Дизајниран е од страна на архитектонската фирма „El EquipoCreativo“, која совршено ги соединила шпанската и јапонската култура, во едно.
Кога ќе размислите, овие две култури немаат ништо заедничко. Шпанците се темпераментни и страсни, додека Јапонците се тивки и преферираат минимализам. Наоѓањето на заеднички допирни точки на овие две култури, бил одличен предизвик за овие архитекти.
Прекрасна комбинација од дрво, листови и цвеќиња доминира во декорот на овој ресторан, а најинтересен момент е импровизираната густа шума со испреплетени гранки. Системот на осветлување е паметно поставен, пушта зраци помеѓу гранките, осветлувајќи го целиот простор со фина светлина. При креирањето на дизајнот на ресторанот, се внимавало тој да е соодветен на името на ресторанот, кое во превод значи икебана.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
