Не пропуштајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!rnrn
rn
Овен
rnПоложбата на планетите нема да ги задоволи вашите љубовни очекувања, па затоа бидете мудри и смирени колку што можете. Доколку сте во врска и доколку вашиот партнер ве повреди на некој начин, не обраќајте премногу внимание затоа што недоразбирањето брзо ќе се реши. На деловен план ви претстојат одлични можности да ги исполните вашите соништа.rn
Бик
rnДвижењето на планетите ќе ви донесе вистински предизвик во поглед на љубовта. Многумина од вас ќе го препознаат својот вистински идеал што го барале, но нема да бидат целосно задоволни. Во поглед на кариерата, иако вашите соработници ќе покажат одредена наклонетост кон вас, сепак ќе имате тешкотии да најдете заеднички јазик.rn
Близнаци
rnВашите лични односи постепено ќе почнат да се подобруваат, но не толку колку што очекувате. Сепак, ќе биде доволно за одново да се чувствувате среќни. Што се однесува до кариерата, оваа недела ќе биде одлична можност да ги проширите своите знаења, но и да почнете нова соработка со луѓе од вашата професија.rn
Рак
rnВо поглед на љубовниот живот, ве очекува период на мир и благосостојба при што ќе вложите заеднички сили со партнерот за да го организирате подобро вашето секојдневие, но и да се забавувате. Од друга страна, вашата способност да се справите со другите ќе се покаже како особено корисна и тоа токму на работното место.rn
Лав
rnДел од вас ќе се чувствуваат прилично осамено во текот на оваа недела. Доколку сте во врска, ве очекува период на предизвици при што ќе ви биде потребна голема присебност за да издржите. На работа ќе верувате дека само вие сте заслужни за постигнувањето успеси. Сепак, тоа нема да биде целосно точно и затоа не занемарувајте го фактот дека и другите вложиле исто толку труд како и вие.rn
Девица
rnЌе вложите сè во љубовната врска иако не секогаш партнерот ќе ви возвраќа во иста мера. Сепак, тоа нека не ве обесхрабрува. Од друга страна, деновите ќе ви бидат исполнети со богат друштвен живот. Во поглед на кариерата, оваа недела ќе биде одличен период за усовршување на вашите вештини и откривање нови детали поврзани со вашата професија.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn