Новинарот кој наеднаш сите сакаат да го вработат
Младиот невработен новинар од Шпанија, Енцо Вичијано одлучил дека наместо да праќа биографии на различни огласи за работа, попаметно му е да го отпее своето работно сиви, а снимката да ја постави на Јутјуб.Тој дипломирал и завршил постдипломски студии по новинарство, но никако не можел да најде работа. Како и многу млади луѓе во Шпанија, каде стапката на невработеност порасна на 27,2%, тој залудно испраќал биографии, но немал среќа.
Тогаш ја смислил оваа идеја. Се качил во метро во Барселона заедно со еден пријател кој го снимал и го испеал своето сиви, паралелно свирејќи на укулеле.
Помеѓу другото тој пее „Јас сум крал на Word, Excel и PowerPoint. Јас го контролирам Photoshop“. Откако ја објавил оваа снимка на Јутјуб не може да ги исчита сите понуди за работа кои пристигнуваат на неговата адреса.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.