КАФЕ ПАУЗА

Скорпија и скорпија – пријателска комбинација

Скорпија и скорпија – пријателска комбинација

Пријателството помеѓу две скорпии претставува мешавина од задоволство и болка. Задоволството се јавува како резултат на тоа што, само претставниците на овој знак можат да ја сфатат страста за живеење на животот која ја поседуваат, па поради тоа овие динамични пријатели ќе имаат многу заеднички теми на разговор. Болката пак, настанува кога скорпиите се наоѓаат во помрачно, самодеструктивно расположение и дозволуваат да ги обземе чувство на очај.Скорпија и скорпија – пријателска комбинацијаБидејќи двајцата пријатели се родени во истиот хороскопски знак, прашањето е кој од нив умее повеќе да гледа на посветлата страна на животот. Тука најмногу може да помогне некој пооптимистичен подзнак. Среќната околност во ваквите ситуации е тоа што скорпиите го владеат црниот хумор, па заедничкото исмејување на ироничните работи во животот, зајадливите коментари и подбивните шеги можат многу да им помогнат на овие пријатели, да ги надминат тешките мигови.rnrnОвие пријатели секако, уживаат во слични активности и имаат многу заеднички интереси. Бидејќи скорпиите се луѓе кои навлегуваат под површината на работите, обидувајќи се да ја видат „целата слика“, овие другари најверојатно ќе уживаат во долги разговори, филозофирајќи и анализирајќи го секој аспект од ситуациите. Ако се најдат на иста бранова должина, што е многу веројатно да се случи, помеѓу нив ќе се роди вистинска блискост.rnrnОд спортовите, најверојатно би се пронашле во некоја боречка вештина и секаква физичка активност која бара вложување напор. Исто така, би им годело нуркање под вода, откривајќи ги чудесните животинки кои ги крие морскиот свет. Претставниците на овој хороскопски знак ја обожаваат мистеријата, непознатото, волшебното, па овие пријатели најверојатно постојано ќе си разменуваат разни мистериозни романи и трилери. Овие пријатели може да поседуваат и талент за уметничко резбање дрво, длабење линолеум или изработување скулптури од глина и пластелин, па некоја од овие активности е уште една опција во која можеби би уживале додека се заедно.rnrnВо ова пријателство одвреме-навреме ќе има недоразбирања и лутења, но бидејќи станува збор за две скорпии, ваквата појава е сосема вообичаена. Но, најверојатно после кратко време ќе им помине лутината и повторно ќе се зближат како ништо да не се случило. Соживувањето со емоциите на другите луѓе е толку моќна особина на скорпиите, што овие пријатели нема да можат да ù одолеат на потребата да поразговараат со својот верен пријател.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.