Со пролетните и летните горештини кои веќе ни дојдоа, невозможно е да не се потите повеќе од вообичаено, бидејќи на тој начин телото се ослободува од вишокот топлина. Потењето е нормална појава, но понекогаш знае да ни создаде проблеми и да нè доведе во непријатна ситуација. Во борбата против претераното потење ви ги претставуваме овие 3 природни решенија кои можат да бидат поефикасни од скапите козметички препарати.rnrn
rn
Масло од црн ким
rnМаслото добиено од ладно цеден индиски црн ким, делотворно делува против бактериите и габичните заболувања, но помага и при претераното потење.rnrnПо туширањето намачкајте се по целите раце, од прстите до рамената и нормално под пазувите.rn
Чај од жалфија
rnОд лековитите материи со кои изобилува жалфијата, во борбата против потењето многу силно влијание имаат нејзините жолто-зелени етерични масла, смолата и танинот.rnrnЗатоа редовно консумирајте чај од жалфија. Овој чај делува како природно средство против претераното потење, а најдобро делува против ноќното потење. За да имате видливи резултати треба да пиете по еден литар чај дневно барем две недели.rn
Јаболков оцет
rnЈаболковиот оцет делува како природен деодоранс кој ги уништува бактериите. Затоа можете еднаш дневно да ги пребришувате бактериите со него. На сува крпа нанесете јаболков оцет и пребришете се по деловите од телото кои најмногу ви се потат.rnrnЗа да го спречите потењето на стапалата, два до три пати неделно направете купка со две литра вода и 75 милилитри јаболков оцет и 15 минути квасете ги нозете.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
