Познавам 4 типа мажи. Во првиот спаѓаат балканските алфа мажјаци кои секогаш нагласуваат кој е мажот во куќата и се разбира, за да ја докажат својата „машкост“, никогаш не пофаќаат ништо по дома. Најчесто тие се со големина на минијатурен сувенир во друштво на вистински мажи, оние кои вистински успеале во животот и кои не чувствуваат потреба да ги омаловажуваат жените за да се истакнат себеси.rnrnПотоа, една голема група мажи, кои пред друштво ја играат улогата на вистински маж, а дома пред жените се бубачки. Јас тоа го викам синдром Тошо Малерот. „Еве батка, рецимо, ја коа зимам да пеглам, не смее да ми писне…. Абе ја неа сум ѝ рекол сто пути, ти се мешам ја тебе коа гледаш спортски преглед? Не! Она мене…“
Потоа, доаѓаат на ред оние кои од своето его направиле тепих. Кои буквално се однесуваат како без`рбетници, кои се одделуваат од друштвото штом фатат девојка, мора да бидат секогаш и сегде каде таа ќе им каже и не одлучуваат за ништо. Јавно ѝ признаваат дека имаат намера да се убијат ако ги остави.rnrnИ секако, тука се и добро воспитаните момци и мажи, кои ги почитуваат девојките и жените, и замислете, НЕКОГАШ ДУРИ ИМ ПОМАГААТ НИЗ ДОМА! Или како што се наречени, ПАПУЧАРИ.rnrnМалограѓанштината, и секако, влијанието на балканското воспитување, ги тера мажите да покажуваат јавно кој е газда дома или што би се рекло, да се знае кој носи панталони, (чисто информативно и жените носат, така што не ја разбирам поентата). Дали кај мажите кои се во долга врска или брак значително опаѓа нивото на тестостерон? Дали си помалку маж ако покажеш почит кон жена?rnrnВидете вака, кога ќе видам маж кој ѝ помага на жената во домашните обврски, не го гледам како „помалку маж“ туку напротив. Тој има многу поголема машкост од сите балкански алфа мажјаци помножени по сто.rnrnВо денешно време, кога еманципираната жена треба да работи, чува деца и чисти по дома, нема место за пердашење и покажување на машкост. Туку има помагање, почит и разбирање. А сите дами кои се патријархално воспитувани и бараат маж кој знае да викне, и кој ќе ѝ го покаже патот кон кујната, нека им е на помош оној Господ во кој веруваат.rnrnНема покажување на машкост или истакнување на оној кој е глава на куќата. Ни мажите не смее да се однесуваат како лигуши. Нема зошто да трчаат по жената како кутре и да го изгубат сопственото јас по пат. Ти не влегуваш во врска или брак за да си лечиш комплекси. Туку за да споделиш љубов, почит, разбирање. Нема главен и потчинет, барем ако сакаш да оформиш здрав однос во иднина. Има огромна разлика меѓу маж – лигле, и маж на кој му е додаден епитетот „папучар“.rnrnПапучар не постои во речник. Можеби е измислен од оние „мажишта“ кои му завидуваат на другарот кој покрај себе има убава и паметна девојка. Па ќе му купат папучи за роденден, и што? Би убиле да се на негово место.rnrnЈас да бев маж, со задоволство ќе кажував дека ја слушам и почитувам девојката и дека ѝ помагам по дома. Да бе, папучар сум и што? Па ставете прст на чело. Таканаречениот папучар, има здрава врска со љубов и разбирање, и секогаш кога неговата девојка ќе го спореди со неговите другари „мажишта“, верувајте, тој е соодветно награден.rnrnЕлиrnrn rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
