Многумина би рекле дека постои само добар и лош секс, но постојат многу видови жестоки задоволства под чаршафите кои можат да се наречат поинаку. Сите тие се возбудливи на свој начин и можат да го направат вашиот сексуален живот уште подобар. Еве 8 видови кои морате да ги испробате.rnrn
rn
Секс со проширени видици
rnПаровите кои се долго време во врска се желни за возбуда, но често не знаат како да ја постигнат. Пробајте некоја нова поза, изберете ново место за секс или вклучете секс-играчки во сексуалниот чин. Напуштањето на рутината ќе ви помогне да си ја засилите довербата еден во друг и да изградите поголема блискост помеѓу вас.rn
Редовен секс
rnНе мора секој пат да е совршено романтично или диво и возбудливо. Не мора да го чекате совршениот момент и соодветното расположение за да имате секс. Сексот е здрав, каков и да е, па обидете се да го практикувате редовно со вашиот партнер.rn
Секс со непријатна случка
rnНа сите понекогаш им се случува да доживеат некаква непријатна случка за време на сексуалниот чин од која ќе се посрамотат. Колку и да ви е незгодно во моментот, тоа е само одличен потсетник дека сексот е еден суров чин и не мора секогаш да биде совршен.rn
Секс за време на одмор
rnКога сте на одмор веројатно немате други грижи кои ви се мотаат во главата. Тоа е поволна ситуација за испробување на сè она што не би ви паднало на памет кога сте преокупирани со милиони нешта во секојдневието. Пробајте секс во кола, во море, на плажа, во вецето на некој клуб… Изборот е ваш, но играјте опасно за да доживеете нова сексуална возбуда.rn
Приспивен секс
rnНе е правило дека секој сексуален чин треба да заврши со оргазам. Понекогаш сте толку изморени, па дури и за време на самиот сексуален чин мислите дека можете да заспиете. Па зошто сексот да не ви помогне во тоа?rn
Секс после кавга
rnПознато е дека не треба да се оди на спиење со гнев и лутина во себе. Па откако малку ќе стивнат работите, фрлете се на див, енергичен, луд и незаборавен секс. Потоа легнете си да спиете двајцата среќни.rn
Утешителен секс
rnДоколку се чувствувате тажно, депресивно, повредено или потиштено, сексот може да ви послужи како одлична терапија. Причината е во тоа што тој претставува сосема спротивност на сите наведени негативни чувства. Тоа е чин на топлина, љубов, нежност и блискост. Затоа понекогаш, во оние моменти кога не се чувствувате добро, сексот е всушност баш она што ви е потребно.rn
Вонтелесен секс
rnНе буквално. Овој секс се случува кога ќе се поклопат сите космички влијанија на таков начин што и вие и партнерот сте неописливо запалени и горите од желба еден за друг. Тогаш се случува најдобриот секс во вашиот живот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.