Навистина постојат голем број црно-бели воени фотографии кои ни дозволуваат за кратко да погледнеме назад во историјата, но секогаш го предизвикуваат тоа чувство на отсеченост од минатото. Сега можеме полесно да се поврземе со времето благодарение на овие фотографии од жени кои помагаат во изработката на воени авиони во 40-тите години. Тие се дел од каталогот на „Library of Congress“ и во оригиналната верзија се црно-бели, а се дело на фотографот Алфред Т. Палмер. Благодарение на програмите за уредување фотографии и умешните раце, овие парчиња историја оживуваат со свежи бои и ни нудат многу пореално чувство.rnrn
rnrnФотографиите биле направени во Канцеларијата за воени информации, агенција која се занимавала со обработка на воени вести, промовирање патриотизам и регрутација на жени. Настрана техничката обработка, со помош на нив добиваме нова идеја за традиционалните жени во Америка во тој период. Наместо очекуваната визија за ретро домаќинка, тука гледаме способни и одлучни жени кои имаат активна улога во одбраната на својата земја.rnrn











rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
