КАФЕ ПАУЗА

Зошто вашите садови остануваат валкани и по миењето во машината за садови?

Зошто вашите садови остануваат валкани и по миењето во машината за садови?

rnrnЗошто вашите садови остануваат валкани и по миењето во машината за садови?rn

Што можете да миете во машината за садови?

rnАспиратор: Повеќето кујнски аспиратори имаат филтер кој може да се мие.rnrnКујнски сунѓери и четки: Секогаш кога ќе сакате да миете садови, ставете го и сунѓерот на горната решетка, а четките со рачка заедно со приборот за јадење.rnrnСиликонски нараквици и четки: Најдобро е да ги ставите на горната решетка.rnrnЧинијата од микробрановата печка: Кога ќе ја чистите микробрановата печка, најлесно е чинијата да ја ставите во машината за садови.rnrnКутиите и преградите од фрижидерот: Ако не сакате да ги миете рачно, само ставете ги во машината за садови.rnrnВазни: Повеќето вазни и декоративни садови за готвење може лесно да се исчистат во машината за миење садови. Сепак, не ризикувајте со деликатните фигури и украсите кои содржат злато или сребро. Не користете ја горната решетка за најтешките садови.rnrnСветилки: Не мора рачно да ги миете стаклените лустери и свеќници.rnrnПрекинувачи за струја: Тие може да бидат полни со отпечатоци од прсти. Избегнувајте обоени метални или прекинувачи од месинг и мијте ги само пластичните.rnrnРешетки за вентилација од кујната и од бањата: Лесно ќе се отстрани насобраната нечистотија, дури и ако се челични или алуминиумски.rnrnПрибор за пишување: Држачите за пенкала и за хартија или малите корпи за отпадоци одвреме-навреме треба да се мијат во машината.rnrnДржачот за сапун и за четките за заби: За да го намалите развојот на бактерии, мијте ги еднаш неделно.rnrnГумената подлога за туширање што не се лизга: Закачете ја да се исуши по секоја употреба за да го спречите насобирањето нечистотија и мијте ја еднаш неделно во машината за миење садови.rnrnСунѓери и четки: Еднаш неделно мијте ги во машината за садови за да ги отстраните нечистотијата и бактериите.rnrnЧетки и чешли: Пластични четки и чешли може да ги ставите во машина, но никогаш не ги мијте во неа ако се направени од дрво.rnrnДодатоци за маникир и педикир: Детергентот и топлата вода ќе ги убијат насобраните бактерии.rnrnИграчки за во бањата: Играчките треба да се чистат најмалку еднаш месечно.rnrnПластични играчки и лего-коцки: Ставете ги малите фигури и лего-коцките во мрежеста вреќичка или на горната решетка.rnrnЦуцли: Ставете ги цуцлите во покриениот дел од држачот за садови за да ги исчистите темелно.rnrnИграчки за миленичињата: Пластичните и гумените играчки ќе изгледаат како нови по миењето во машината за садови.rnrnКутии за храна: Измијте ги керамичките, пластичните и металните кутии во машината за миење садови.rnrnНекои алати од градината: Разните канти и другите пластични додатоци за цвеќиња ќе се измијат совршено во машината за садови.rnrnСпортски капчиња: Ако одлучите да ги ставите во машината треба да бидете сигурни дека нема картон во нив и користете средство за миење садови што не содржи избелувач.rnrnПогледнете ги овие трикови со кои вашите растенија ќе добиваат точно онолку вода колку што им е потребно.