Овие трикови се идеални за луѓето што постојано брзаат или не знаат колку вода да им турат на растенијата. Ако им турите премногу вода, коренот ќе изгние и растението ќе овене, а ако нема доволно вода, ќе се исуши. Со помош на овие трикови, вашите растенија секогаш ќе имаат доволно вода.rnrn
rn
1. Трик со коцка мраз
rnЕднаш неделно ставајте една поголема коцка мраз или неколку помали на земјата околу растението, во зависност од тоа колку е големо. Најдобар избор се коцките мраз од замрзнувачот што ги користите за разладување на пијалаците. Имено, за време на наводнувањето, луѓето најчесто претеруваат и на тој начин го уништуваат растението. Мразот ја ослободува влагата пополека, па коренот има доволно време да ја апсорбира водата бавно и правилно.rnrnОвој метод е особено добар за чувствителните растенија, како што е орхидејата. Ваквите растенија не поднесуваат задржување влага околу коренот, односно потребна им е добра дренажа, па коцката мраз е идеално решение.rn
2. Трик со бебешки пелени
rnПелените се одлично решение за растенијата што сакаат многу влага и што не можат да преживеат без вода неколку денови.rnrnЗемете една пелена за еднократна употреба, турете вода во неа, почекајте да ја апсорбира и исечете ја на средината. Пелената ставете ја на дното на теглата, а под неа треба да има еден ред камчиња. Одозгора ставете ја земјата и потоа ставете го растението. На крајот, турете уште малку вода одозгора.rnrnОвој метод ќе ги спаси растенијата ако неколку денови не сте дома и нема кој да ги наводнува.rnrnМожеби ве интересира кои 19 растенија и зеленчуци можете да ги одгледувате само во чаша вода.