Декември, се одбројуваат деновите до Новата година. Како се чувствувате? – Нестрпливо, возбудено, разочарано? Потрошете 30-ина минути и искрено одговорете на овие 7 прашања. Тестот ќе ви открие некои важни работи и ќе ви даде добри насоки за да бидете позадоволни и посреќни следната година.rnrn
rn
1. На скала 1-10, колку сте задоволни од себе за оваа година?
rnОценете се себеси во оваа година. Ова е едноставна вежба со која ќе дојдете до прецизен одговор, а бројката ќе ви биде показател за многу работи во вашиот живот.rn
2. Зошто се оценивте така?
rnВажно е да разберете која е причината за таквото себе-оценување. На пример, ако си дадовте оценка 3/10, дали е тоа заради запоставувањето на вашиот љубовен живот и здравјето на сметка на работата или пак бидејќи не ги остваривте сите цели кои ги зацртавте? Кои и да се причините, запишете ги некаде.rn
3. Кои беа вашите најголеми достигнувања изминатава година?
rnОвде одговорите опфаќаат какви било успеси на кои сте горди: унапредување во кариерата, влегување во долго-посакуваната врска, доследност во физичките активности…rnrn
rnrnОва за некои луѓе може да биде тешко бидејќи треба строго да се погледне кон 365 изминати дена и да се даде оценка дали тие биле добро искористени. Благодарение на одговорите, ќе можете да се ослободите од неважните работи и да го фокусирате вниманието само на она што е вистински важно.rnrnПонекогаш, веруваме дека сме успеале во нешто, но и тогаш треба да се запрашаме дали со тој успех сме си помогнале себеси или на некој друг. Можеби сакате да им помагате на другите и нема ништо лошо во тоа, но не заборавајте на вашите соништа. Искреирајте ги во вашата глава и догодина повторно запрашајте се истово. Ќе се изненадите колку можете да успеете во остварување на своите соништа.rn
4. Кои се најзначајните лекции кои ги научивте годинава?
rnШто сè научивте од сè што ви се случи изминатава година?rnrnСекојдневните искуства не прават помудри, сите го знаеме тоа. Но, не сите се однесуваат исто со работите кои им се случуваат во секојдневното опкружување. Без разлика дали добри или лоши, новите искуства ни додаваат нов слој мудрост врз постоечкиот. Запишувајќи ги научените лекции од секојдневните искуства ќе бидете свесни за големата мудрост која ви се натрупала низ годините.rnrn
rn
5. Кои се целите кои сакате да ги постигнете следната година?
rnОва прашање можете да си го поставите уште во 2 други варијанти:rnrn
„Како можам да направам следната година да ми биде најдобра во животот?“rnrn„Ако сега е 31 декември следната година, што би сакал/а да видам во својот живот?“
rnОткако ќе си одговорите на прашањата, поставете си ги целите со согласност со нив.rnrnШто би требало да ви се случи за да си дадете оценка 10/10 кога следната година ќе го правите истово? Кои се целите кои сакате да ги постигнете и соништата кои сакате да станат реалност? Запишете си ги одговорите како цели за следната година.rn
6. Кои нови навики би сакале да ги стекнете/одржите?
rnЗа да ги остварите вашите цели со успех, мора прво да си создадете добри навики. Кои нови навики би сакале да ги стекнете? Луѓето обично се одлучуваат за медитација, вежбање, рано станување, рано легнување, пиење повеќе вода, откажување од цигарите… Кога ќе почнете да негувате одредени позитивни навики, природно станувате подобра личност, за себе и за другите.rnrn
rn
7. Кои се вашите идни итни чекори кои треба да ги преземете?
rnОткако ги запишавте вашите намери за следната година, одредете ги оние кои се однесуваат на најитниот период. Што би требало да почнете да правите за да почнат работите да течат во одредена насока? Закажете си точни датуми за овие планови и запишете ги.rnrnНа крајот, не заборавајте да почнете веднаш. Почнете од почеток уште пред да заврши старата година. Размислувајте однапред за работите кои ќе ве очекуваат во иднина. Така ќе бидете пред сите.rnrn
rnrnАко ви помогна тестот во прецизирање на вашите цели за следната година, споделете ги размислувањата и чувствата во коментар.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
