Дали ви се случило со недели да консумирате само зеленчук и овошје и да сфатите дека сте ослабеле само 1 килограм? Не сте единствени. Всушност, има голем број грешки кои жените ги прават додека држат диети, а не се свесни за истите, па на крајот од режимот се депримирани и без ронка надеж дека некогаш ќе ја намалат телесната тежина.rnrnЕве кои се најчестите грешки во вашата диета според врвните диететичари:rn.rnrn
Размислување на краток рок
rn„Единствениот начин да се придржувате до вашиот здрав режим на исхрана е да гледате кон него како кон нов начин на живот“ – вели д-р Венди Дојл од Британското Диететско Здружение. Според неа, луѓето кои јадат многу помалку од вообичаено во краток временски период со цел набрзина да ослабат неколку килограми, најверојатно ќе се откажат од таа идеја после неколку дена, бидејќи ќе увидат колку е тешко да се гладува. Единствен спас на вашата фигура, Венди гледа во диетите базирани на здрава храна кои е возможно да се поднесат.rnrn
Повеќето диететичари на жените им препорачуваат да внесуваат 1 300 до 1 500 калории дневно, доколку сакаат да ја намалат телесната тежина.rn.rn
Храна која „заборавате“ дека сте ја изеле
rnМожеби мислите дека се придржувате до секоја буква од вашата диета. Но, ако забележувате дека не ги губите килограмите, тогаш некаде мора да грешите. Многу жени „забораваат“ дека се почестиле некоја бисквита, чоколатце или дека биле на роденден и јаделе торта. Како и да е, ако имате телесен проблем кој ви е навистина битно да го решите, тогаш водете дневник за вашата диета, во кој ќе запишувате сé што сте јаделе и пиеле. На крајот од првата недела ќе можете да увидите од каде доаѓаат тие „мистериозни“ калории во вашата исхрана.rn
rn
Диета без физичка активност
rnАко мислите дека со постојано намалување на калориите во исхраната и лежење по дома ќе постигнете голема промена во вашата тежина – навистина се лажете. Исклучувањето на каква било спортска активност од вашата диета е голема грешка, бидејќи вежбањето го забрзува метаболизмот и вашето тело ги согорува калориите многу побрзо. Одењето на аеробик или фитнес еднаш во неделата исто така не е доволно за да ослабете. Најдобра солуција за одржување на вашата линија е да вежбате по 20-30 минути секој ден.rn
rn
Пропуштање оброци
rnДоколку понекогаш ви се случува да сте „премногу зафатени“ за да јадете, најверојатно мислите дека пропуштањето на еден оброк ви е само бонус во вашата крајна цел – намалување калории. Но, диететичарите велат дека на овој начин само се залажувате себеси. Кога прескокнуваме оброци нивото на шеќерот во крвта се намалува, што за возврат ја зголемува нашата потреба и желба за јадење благо. Тоа значи дека во подоцните часови ќе изедете нешто благо, кое најчесто дебелее многу повеќе во однос на оброкот кој не сте го изеле. Истражувањата покажале дека жените кои не појадуваат, всушност внесуваат многу повеќе калории во текот на денот, отколку оние кои јадат наутро.rn
rn
Здрава храна не е исто што и нискокалорична храна
rnПовеќето диети препорачуваат во салатата да се користи маслиново масло наместо сончогледово бидејќи е помалку калорично, а за ужина наместо мрсен чипс да јадете јаткасти плодови. И покрај тоа што тие се здрави за вас, многу е важно да јадете ограничена количина од нив. На пример, една супена лажица маслиново масло содржи цели 100 калории, а дланка полна со јаткасти плодови – 150 калории и 13 грама масти.rn
Друга класична грешка е јадењето пилешко месо заедно со кожата, каде што има најмногу масти и истата ја зголемува калоричноста на вашиот оброк за цели 3 пати. Салата во комбинација со мајонез, павлака, месо, кашкавал и сл. исто така се опасни за вашата диета.rn
rn
И пијалаците содржат калории
rnМожеби се храните здраво за појадок, ручек и вечера и избегнувате да грицкате калорични ствари во останатите часови од денот, но ако пиете благи сокови, кафе со додатоци и особено алкохолни пијалаци – ете зошто не можете да ослабете. Стандардно капучино со шлаг и чоколаден прелив содржи 120 калории и 8 грама масти, а оние луѓе кои пијат алкохол додека јадат внесуваат 350 калории плус. Затоа избегнувајте калорични преливи во вашето кафе, пијте природно цедени сокови со малку шеќер и немојте да консумирате алкохол повеќе од 1-2 пати во неделата. Друг совет е да пиете нискокалорични коктели, да мешате алкохолен со безалкохолен пијалак или шприцер, бидејќи чистиот алкохол дебелее повеќе и го зголемува апетитот.rn
rn
Пречесто мерење на вага не е добро
rnНема ништо што повеќе ќе ве мотивира и охрабрува да продолжите да ја држите вашата диета од секојдневното гледање како се намалува бројката која ја покажува вагата. Но, диететичарите предупредуваат дека премногу честото мерење може да донесе негативни резултати. Голем број жени забележуваат дека нивната тежина варира во текот на месецот, што ги доведува до разочарување, мислејќи дека повторно качиле некој килограм. Но, варијацијата во килограмите е од друга причина – задржување на вода во организмот во текот на менструалниот циклус, поради што вагата може да покажува повеќе.rn
Здравото слабеење е доста долг процес кој не можете секојдневно да го „мерите“, а воедно не смеете да заборавате дека мускулите тежат повеќе од салото. Качувајте се на вага еднаш неделно, веднаш откако ќе станете од спиење. 500 грама е еднакво на 3 500 калории што значи дека дури и ако вагата покаже дека сте ослабеле само половина килограм, значи дека во текот на изминатата недела сте консумирале 500 калории помалку од вообичаено, на дневно ниво.




