КАФЕ ПАУЗА

Зошто треба почесто да консумирате смокви?

Зошто треба почесто да консумирате смокви?

Смоквите се користат во народната медицина со децении, а им се препорачуваат и на оние кои страдаат од висок холестерол, бидејќи содржат повеќе влакна од кое било друго овошје или зеленчук. Тие се особено богати со пектин и влакна, кои можат да го намалат нивото на холестерол во крвта.rnrnЗошто треба почесто да консумирате смокви?rnrnСамо пет смокви дневно обезбедуваат повеќе од 20 проценти од препорачаната дневна количина на влакна. Смоквите се богат извор и на калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум.rn

Превенција од рак

rnНаучно е докажано дека екстрактот од смоква, односно неговата состојка бензалдехид, придонесува за намалување на можноста за појава на тумори. Смоквите покажале одлични резултати во намалувањето на ризикот од рак на простата.rn

Го намалуваат холестеролот

rnСрцевиот или мозочниот удар може да се случи поради стеснување на артериите. Покрај холестеролот, зголемените триглицериди исто така штетно му влијаат на срцето. Докажано е дека смоквите имаат корисен ефект врз нивото на холестерол во крвта бидејќи одредени состојки кои ги содржат смоквите, како, на пример, стигмастерол и ланостерол, се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и на тој начин ја попречуваат неговата апсорпција.rn

Превенција од срцев удар

rnСмоквите се и добар извор на калиум, минерал кој го регулира крвниот притисок.rn

Ја подобруваат меморијата

rnРедовното консумирање смокви ја спречува анемијата и ја подобрува меморијата. Само четири суви смокви обезбедуваат дури четвртина од препорачаната дневна доза на железо за организмот.rn

Спречуваат појава на акни

rnСо виљушка направете маска од три свежи смокви и една лажица јогурт и нанесете ја на лицето. Измасирајте го и оставете ја смесата на кожата околу 15-20 минути, па исплакнете. Истата маска можете да ја нанесете на усните за да се ослободите од испуканите усни и мртвите клетки.rnrnОткако прочитавте кои се здравствените придобивки од смоквиге, можеби ќе сакате да прочитате и кои видови сушено овошје се најздрави за консумирање.rnrnИзвор: atma.hr