КАФЕ ПАУЗА

Мистериозната мудрост на Ошо: Она што го нарекувате љубов не е љубов, туку одложен секс

Мистериозната мудрост на Ошо: Она што го нарекувате љубов не е љубов, туку одложен секс

Сите имаме различна дефиниција за љубовта. Станува збор за индивидуално мислење што сите го доживуваме на поинаков начин. Најверојатно би кажале дека љубов е кога меѓу двајца партнери постои разбирање, почит, поддршка и привлечност. Љубов е кога не можеш да живееш без некого. Љубов е кога си подготвен да го поминеш целиот живот со една личност. Љубов е кога го прифаќаш партнерот таков каков што е, со сите доблести и маани. Но, што би рекол мистикот Ошо за оваа необјаснива појава? Тој има едно сосема поинакво гледиште за љубовта…rnrnМистериозната мудрост на Ошо: Она што го нарекувате љубов не е љубов, туку одложен сексrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЉубовта која човештвото ја има создадено е многу опасна. Дури ни болестите немаат предизвикано толку неволји колку таканаречената љубов. Целото човештво е болно поради погрешното сфаќање за љубовта.rnrnНие не ни знаеме што е тоа љубов. Тоа е нешто што најмалку ни е познато. Многу се зборува за тоа, но никогаш не се живее. Тоа е измама на умот. Зборуваме за нешто што не сме во состојба да го живееме.rnrnЛитературата, музиката, поезијата, танцот… Сѐ се врти околу љубовта. Кога љубовта навистина би постоела, не би зборувале толку многу за неа. Опширните објаснувања за љубовта се доказ дека љубовта не постои. Не може да се зборува за нешто што нема замена.rnrnПреку разговорите, јазикот, симболите и уметноста создаваме илузија дека станува збор за нешто присутно. Човек кој никогаш не ја сознал љубовта може да напише поубава песна за неа од оној кој ја сознал, затоа што вакуумот е многу подлабок. Тој мора да се исполни, нешто мора да ја замени љубовта.rnrnСите сакаат да бидат сакани, тоа е основна и природна потреба, но може да тргне во погрешна насока. На пример, потребата од љубов, може да прерасне во погрешна потреба, ако се обидувате да го привлечете туѓото внимание. Вие всушност имате потреба од внимание, а не од љубов. Може да станете политички лидери во тој случај. Големи маси ќе ви обрнуваат внимание, но нема да можат да ја исполнат вашата основна потреба да бидете сакани.rnrnТаа основна потреба може да ја исполни само една единствена личност која ве сака и ви обрнува внимание поради љубовта. Кога сакате некого, тоа значи дека му обрнувате внимание. Вниманието и љубовта се во длабок меѓусебен однос.rnrnАко ја потиснете љубовната потреба, таа ќе се претвори во симболична потреба од туѓо внимание. И да го добиете вниманието, никогаш нема да ви биде исполнета потребата. Таа потреба е погрешна и одвоена од природната основна потреба. Таа поделба на личноста се нарекува невроза.rnrnПа, што е тогаш љубовта?rnrnЉубовта воопшто не е поврзана со сексот. Сексот може да се вклучи во неа, но љубовта не мора да е воопшто поврзана со сексот. Станува збор за нешто сосема друго.rnrnЉубов е кога навистина сакате. И тоа постојано се шири, прво на луѓето, па потоа на животните, дрвјата, планините и ѕвездите. Ќе дојде денот кога целиот универзум ќе стане ваш љубовник. Тоа е вашиот потенцијал и сите што нема да го исполнат, залудно ќе го потрошат животот.rnrnДа, ќе мора да изгубите неколку работи, но тие и онака се безвредни. Ќе добиете толку многу што никогаш нема ни да помислите на она што сте го изгубиле. Чистата „исполнетост на љубовта“, која продира во тишината, настанува од медитативното својство на тишината и нејзиното длабоко нурнување во вашето битие.rnrn[/message_box]rnrnДоколку ве заинтересира размислувањето на Ошо, прочитајте зошто бракот може да ви го уништи животот.