Наутот се одгледува и консумира во земјите од Блискиот Исток околу илјадници години. Како богат извор на витамини, минерали и влакна, наутот има безброј здравствени придобивки, како регулирање на тежината, подобрување на варењето и намалување на ризикот од болести. Освен тоа, наутот е богат со протеини и е одлична замена за месото во многу вегетаријански и вегански јадења. Прочитајте ги неговите здравствени придобивки во продолжение:rnrn
rn
1. Преполн со хранливи материи
rnНаутот содржи умерено количество калории и неколку витамини како, на пример, витамин Б и минерали како манган. Тој е и добар извор на влакна и протеини.rn
2. Лесно може да ве засити
rnПротеините и влакната во наутот може да ви помогнат да го држите апетитот под контрола. Тоа може да ви помогне да се чувствувате сити бидејќи придонесува за намалување на внесот на калории за време на оброците.rn
3. Богат со растителни протеини
rnНаутот е одличен извор на протеини од растително потекло и претставува одличен избор за оние кои не јадат месо или производи од животинско потекло. Порција од 1 чаша (164 грама) обезбедува околу 14,5 грама протеини. Протеинот во наутот може да ви помогне не само да го држите под контрола вашиот апетит, туку и да го зацврстите здравјето на коските.rn
4. Ја регулира телесната тежина
rnВлакната и протеините кои се содржат во наутот, како и нивната релативно ниска калорична вредност, може да ви помогнат да одржувате здрава тежина.rn
5. Го регулира шеќерот во крвта
rnНаутот може да помогне во управувањето со нивото на шеќер во крвта на неколку начини. Прво, наутот се карактеризира со прилично низок гликемиски индекс (ГИ), што е маркер за тоа колку брзо се зголемува шеќерот во крвта после јадењето. Многубројни студии покажале дека исхраната која вклучува намирници со низок ГИ може да го нормализира нивото на шеќерот во крвта. Влакната и протеините во наутот, пак, можат дополнително да помогнат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта.rn
6. Го нормализира варењето на исхраната
rnНаутот е полн со влакна, кои нудат неколку придобивки за здравјето на дигестивниот систем. Влакната во наутот по природа се растворливи и можат да помогнат да се зголеми бројот на здрави бактерии во цревата, но и да го спречат прекумерниот раст на нездрави бактерии. Ова, пак, може да доведе до намален ризик од некои дигестивни состојби, како што се синдром на нервозно дебело црево (IBS) и рак на дебелото црево.rn
7. Може да заштити од одредени хронични болести
rnНаутот може да го намали ризикот од некои хронични болести, вклучувајќи срцеви заболувања, рак и дијабетес тип 2.rn
8. Може да го подобри здравјето на мозокот
rnНаутот може значително да го подобри здравјето на мозокот бидејќи претставува одличен извор на холин, кој игра важна улога во функцијата на мозокот. Оваа суштинска хранлива материја е потребна за производство на специфични невротрансмитери, кои делуваат како хемиски гласници за нервните клетки на вашето тело. Освен тоа, наутот содржи и голема доза на магнезиум, клучен минерал кога станува збор за нервната функција. Покрај магнезиум, наутот содржи и селен и цинк, минерали кои можат да ги намалат симптомите на анксиозност и депресија.rn
9. Го спречува недостатокот од железо
rnНаутот е одличен извор на железо, а како што ви е добро познато, железото е вклучено во производството на црвени крвни зрнца, како и во физичкиот раст, развојот на мозокот, метаболизмот на мускулите и други аспекти на здравјето. Ако не внесувате доволно од овој клучен микронутриент, способноста на вашето тело да произведува здрави црвени крвни зрнца може да биде нарушена. Тоа може да доведе до недостаток на железо, состојба која се карактеризира со симптоми како слабост, замор и отежнато дишење. Затоа, наутот е одлична опција за луѓе кои се изложени на висок ризик од недостаток на железо, како што се веганите и вегетаријанците. Тој содржи и витамин Ц, кој може да ја зголеми апсорпцијата на железо во вашето тело.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од секојдневното консумирање наут, можеби ќе сакате да прочитате и да го прочитате рецептот за вегански бургери од наут и тиква.rnrnИзвор: healthline.com
