Во 50-тите жените беа само домаќинки. Во 60-тите се зацврсти нивното место како претставници на совршените семејни вредности. Во 70-тите се обидуваа да се изборат за својата автономија. Од 80-тите до 2000-тите, ги балансираат нивните кариери и професионални успеси со мајчинството. Денес, современите жени не чекаат и не бараат дозвола од никого. Тие сами го создаваат својот живот. Тие носат одуки и прават избори кои соодветствуваат со нивните цели и аспирации, а тоа е особено изразено кај жените кои често патуваат.rnrn
rn
1. Не ги прифаќаат догмите
rnЖените кои често ги користат нивните пасоши, радикално ги користат и нивните умови. Догмите се дефинирани како принципи дадени од еден авторитет кои се непобитно невистинити. Како што растеле, жените биле учени дека скромната и конзервативна облека е најдобра и дека смелоста е срамотна, бидејќи жената секогаш треба да му се потчинува на мажот доколку сака да биде успешна сопруга. Барањето задоволство и радост е себично и осудувањето на другите ја покажува моралната супериорност. Во реалноста, осудувањето го покажува само затворениот и ограничен ум. Жените кои често патуваат веруваат дека пронаоѓањето на сопствениот пат во животот е поавтентично од прифаќањето нечија перспектива и поглед на светот.rn
2. Маршираат на ритамот на својот тапан
rnЖените кои често патуваат континуирано ги газат корпоративните маркетиншки оддели. Тие не се грижат за банални работи, ниту пак ги полнат своите глави со непотребни листи од типот „Како успешно да ги задоволите другите?“. Наместо тоа, тие истражуваат како да ги задоволат своите потреби.rn
3. Сами го избираат патот по кој чекорат
rnЖените кои често патуваат го предефинираат значењето на „нормалното“. Порано, жените ги потиснувале желбите за сопствената среќа, само за да ги исполнат туѓите идеали и да станат совршените Дизниеви принцези. Современите жени знаат дека животот на принцезите можеби изгледа совршен, но е од далеку од тоа.rn
4. Го одбиваат веќе создадениот живот
rnНе толку суптилните пораки на општеството ве тераат да копнеете по светот од соништата декориран со големи куќи со бели огради, три производи од Apple по човек, две гаражи и еден просечен сопруг пред да наполните 26 години. Жените кои често патуваат избираат да видат 30 земји пред да наполнат 30 години. Останатото го откриваат по патот.rn
5. Ги менуваат идеалите на совршениот живот
rnДа се има сѐ, за жените кои често патуваат значи да се поседува малку, а да се искусува што е можно повеќе. Тие го предефинираат луксузот. Тие радо би живееле само со своите ранци на грбот додека шетаат по светот и ги впиваат разните култури.rn
6. Не сакаат да бидат наречени „идеални жени“
rnИдеалната жена за нив има совршена коса, одлични домаќински способности и една опширна колекција скап накит. Постарите жени велат „Не ја крати косата, мажите не сакаат жени со кратка коса“ или „Немој да бидеш како оние диви девојки, бидејќи мажите ќе мислат дека си како нив“. Токму овие стереотипни зборови ги тераат жените кои често патуваат да го сменат стилот, да ја скратат косата и секогаш да ја мерат својата вредност по самите себеси, а не за да задоволат нечии очекувања.rn
7. Тие се самоуверени
rnЖените кои често патуваат понекогаш на патот тргнуваат сами. Тие не чекаат да се појави принцот на бел коњ и да ги одведе кон зајдисонцето. Тие ги истражуваат своите планови, ги разбираат своите соништа и ги исполнуваат своите авантури.rn
8. Истражувањата им се поважни од останувањето дома
rnОд некоја причина мажите ги привлекуваат слободоумни и бестрашни жени. Во нив гледаат нешто диво, страсно и возбудливо и во еден момент го прифаќаат и споделуваат тој ентузијазам. Потоа следува неминовната ситуација кога желбата за патување на жените кои го сакаат тоа веќе станува товар. Кога ќе побараат од нив да се откажат од постојаното истражување и да се сместат на едно место. Жените кои често патуваат сѐ уште ќе ги сакаат своите партнери и ќе го ценат времето кое го поминале заедно, но во никој случај нема да се откажат од своите желби само затоа што некој друг го побарал тоа од нив. Тие ќе запрат кога ќе се чувствуваат подготвени да го сторат тоа.rn
9. Врските не се сѐ во животот
rnРомантичните новели и драматичната литература имаат само една поента: Животот исполнет со емоционални подеми и падови, скршени срца и пожртвуваност вреди да се живее, ако на крајот завршите со личноста од вашите соништа. Жените кои често патуваат не се поведуваат од вакви ограничени начини на размислување. Кога се во врска, тие не дозволуваат нивните партнери да ја одредуваат нивната вредност. Тие се среќни со самите себеси и ја прифаќаат својата природа.rn
10. Се сакаат себеси и своите тела. Тие се слободни!
rnЖените кои често патуваат се сакаат онакви какви што се. Ги прифаќаат своите маани и недостатоци и учат како да живеат со нив. Го ценат она што им е подарено од животот и создаваат искуства за кои се благодарни и кои ќе останат врежени во нивните сеќавања до самиот крај.