Како да проверите дали медот е природен?

Сподели

Денес, многу лесно можете да станете жртва на измама и да купите вештачки мед наместо природен. За да заработат повеќе пари, производителите користат шеќер и разни адитиви за изработка на мед, кој со својот изглед и боја изгледа исто како и природниот. Во продолжение прочитајте како да дознаете дали медот е природен, бидејќи користењето на природен мед го снабдува организмот со сите корисни состојки.

Реклама

rn

Тежина

rnВисококвалитетниот мед е тежок. Во тегла од 1 литар, тој би требало да тежи повеќе од 1,4 килограми.rn

Тест со кристализација

rnКристализацијата на медот е природен процес и не ја менува вредноста на вкусот и придобивките за здравјето. Доколку по 3 месеци надвор од теглата тој не почне да кристализира, постои голема веројатност дека тој мед е загреван и ги изгубил своите вредни својства.

rn

Тест со растворање

rnИстурете една лажичка мед во шолја со ладна вода. Доколку медот се раствора нерамномерно, создавајќи линии во водата, тогаш станува збор за мед со низок квалитет.

rn

Тест со фломастер

rnСтавете капка мед на раката и со мекиот врв на фломастерот допрете до медот. Доколку тој ја промени бојата, тогаш тој мед не е природен.

Прочитајте повеќе и за сè што треба да знаете за медот од манука.

Популарно

Може ќе ве интересира