КАФЕ ПАУЗА

Зошто нозете отекуваат на високите летни температури и како да ја спречите оваа непријатна состојба?

Многумина едвај чекаат да дојде летото за да ги ослободат стапалата од оковите на затворените чевли, но неретко зажалуваат кога им отекуваат и се пробиваат низ ремените на сандалите. Но зошто се случува ова? Одговорот се крие во премалку внесени течности.rnrnЗошто нозете отекуваат на високите летни температури и како да ја спречите оваа непријатна состојба?rnrnИмено, концентрацијата на соли во организмот расте поради дехидрација, што го форсира телото да го задржува и она мало количество вода што му го давате и сето тоа резултира со отекување. Жештината исто така предизвикува и ширење на крвните садови, што предизвикува дополнително проширување на течноста во одредени делови на телото. Претераното одење, седење или стоење на едно место подолго време ѝ дозволува на гравитацијата да ја спушти телесната течност во зглобовите и стапалата, притоа предизвикувајќи непријатни чувства.rnrnНа телото му е потребна сол, но храната што ја јадеме содржи доволна количина и со дополнителното насолување можете само да претерате. Освен за стапалата, претераното внесување сол не е добро ни за високиот крвен притисок, што може да предизвика срцев или мозочен удар, особено за време на летните месеци.rnrnАко можете, избегнувајте ги по секоја цена солените кикирики, переци, чипс и преработената храна. Исто така и житарките за појадок содржат високо ниво сол, а воопшто не треба ни да ги спомнуваме газираните пијалаци и минералната вода.rnrnВо продолжение прочитајте како да се справите со овој непријатен проблем:rn

    rn011

  • Пијте многу вода и избегнувајте сол
  • rn011

  • Секогаш кога имате можност, шетајте
  • rn011

  • Ако работата не ви дозволува движење, одвреме-навреме протегнете ги нозете, особено стапалата, за да ја поттикнете циркулацијата
  • rn011

  • Кога сте дома, лежете со нозете подигнати над нивото на срцето, а на стапалата поставете мокри или студени пешкири
  • rn011

  • Се препорачува и масажа на стапала со лосион што има ефект на разладување
  • rn

rnПрочитајте и за овие 5 навики поради кои вашите нозе изгледаат лошо.