Кога ќе се избере вистинската нијанса за бојадисување прамени, тоа носи големи благодати за вашиот целосен изглед. Косата изгледа поживо и побујно, нејзината боја е освежена и делува многу поинтересно отколку кога е во еден тон.rnrnНо сепак, за да го постигнете тој ефект, НЕОПХОДНО е да ги изберете бојата и нијансата на прамените кои совршено ќе се вклопат на подлогата – природната боја на коса или претходно избраната боја за коса, но и со вашата боја на очи, нијансата и подтонот на кожата на лицето.rnrn
rnrnДенес ви претставуваме детален водич за ова! Погледнете ги насоките кои се во врска со вашиот изглед (боја на коса, очи и кожа) и дознајте какви прамени најмногу ќе ви одговараат.rnrn1. Темна кожа, темна коса и темни очи. Оваа комбинација е ретка карактеристика за нашите простори, но тоа не значи дека некои од вас не ги одликува баш ваквиот изглед. Доколку спаѓате во оваа категорија, тогаш избирајте чоколадни и нијанси во коњак боја.rnrn
rnrn2. Средно темна боја на кожа со топол подтон, темна или средно темна боја на коса и светли очи. Ако имате ваков изглед наш совет е да изберете прамени во путер, крем или карамела нијанси.rnrn
rnrn3. Средно темна боја на кожа со топол подтон, темна или средно темна боја на коса и темни очи. Ова можеби е најчестиот изглед на нашите простори, па ако припаѓате на оваа група, тогаш избирајте црвенкасто-бакарни прамени или прамени во нијанса на кафе.rnrn
rnrn4. Средно темна боја на кожа и ладен подтон со каква било боја на коса и очи. Ова е одлична комбинација за беж и руси прамени со исто така ладни подтонови.rnrn
rnrn5. Изразито светла боја на кожа со топол подтон, светла коса и темни очи. Овие карактеристики го создаваат изгледот со кој најдобро би одговарале прамени во кајсија и златни нијанси на руса боја. Најважно е прамените да имаат топол подтон, исто како кожата.rnrn
rnrn6. Светла боја на кожа со топол подтон, темна коса и каква било боја на очи. Ова е изглед на кој најдобро одговараат прамени во боја на мед.rnrn
rnrn7. Светла боја на кожа со ладен подтон, светла коса и светли очи. Исто како првата комбинација, не е многу честа на нашите простори. Сепак, ако припаѓате на оваа група избирајте прамени во нијанси на платина и ванила.rnrn
rnrn8. Светла боја на кожа со ладен подтон, темна коса и каква било боја на очи. Ова е комбинација која одлично ќе се сложува со прамени кои во себе имаат суптилен црвенкасто-розов сјај. Плус, овие прамени последниве неколку сезони се вистински хит!rnrn
Какви прамени најдобро одговараат на вашата коса? Детален водич за совршен избор!
