Позната по својата екстравагантност, византиската архитектура се одликува со високи уметнички достигнувања како и повеќекратни религиозни влијанија. Како и византиската уметност, така и византиската архитектура била под големо влијание на православното христијанство со цел да му се оддаде чест на Господ преку неверојатните архитектонски дела. Голем дел од византиските објекти биле нарачани од римскиот император Јустинијан. За време на неговото владеење, се граделе објекти со прекрасни внатрешни мозаици и високи куполи со елементи на многу стилови, вклучувајќи ја грчката, римската и архитектурата на Блискиот Исток.rnrn
1. Света Софија
rnНајпознат пример за византиска архитектура е дефинитивно Аја Софија. Овој објект ги отелотворува деталите и драматичноста на архитектонскиот стил. Света Софија порано била црква и музеј, а денес се користи како џамија. Објектот со 1500 години животен век со право се смета за едно од најважните културно-историски обележја на Истанбул.rnrn

2. Базилика Свети Марко
rnБазиликата Свети Марко во Венеција претставува уникатен бисер на византиската архитектура. Сместена во близина на плоштадот Свети Марко, базиликата е пример за италијанската интерпретација на византиската естетика. Нејзината изградба била под големо влијание на Света Софија. Некои од артефактите на базиликата всушност дошле директно од Света Софија по Четвртата крстоносна војна. Освен византиски влијанија, таа се одликува и со влијанија на ренесансната и готската архитектура.rnrn

3. Базилика Нов Свети Аполинер
rnБазиликата Нов Свети Аполинер е византиска црква што се наоѓа во Равена, Италија. Била изградена како капела на Теодорих Велики. Црквата изобилува со мозаици и детали на многу уметнички стилови кои сведочат за нејзината долга историја.rnrn

4. Хосиос Лукас
rnИзграден на планината Хеликон во Грција, манастирот Хосиос Лукас бил еден од најважните манастири во средновековниот период. Манастирот е изграден во 10 век и е посветен на христијанскиот светец Свети Лука Еладски чии останки се вели дека се сочувани внатре во манастирот. Еден од неговите највпечатливи детали се шарените внатрешни мозаици.rnrn

5. Јеребатан Сарај (цистерна)
rnОвој пример на византиска архитектура се разликува од украсените златни детали пронајдени во Света Софија. Се работи за цистерна која во средновековниот период го снабдувала Цариград со вода. Таа била изградена за време на владеењето на Јустинијан I. Еден од највпечатливите детали на цистерната се основите на столбовите со ликот на Медуза.rnrn
