КАФЕ ПАУЗА

Зошто никогаш не треба да се чувствувате навредено?

Зошто никогаш не треба да се чувствувате навредено?

Written by

in

,

Животот е премногу краток за да го поминеме огорчени. Веројатно понекогаш посакувате да имате магично стапче кое ќе ги реши сите ваши проблеми. Понекогаш сè тргнува во погрешна насока и тешко ви е да се справите со тоа. Во овие моменти, мислите дека целиот свет се свртел против вас.rnrnЗошто никогаш не треба да се чувствувате навредено?rnrnНо, не можете да го забрзате времето за да стигнете до светлата иднина, без разлика колку го посакувате тоа. Чувствата како навреденост можат да траат долго. Тие ве заробуваат и не ви дозволуваат да дишете длабоко. Но можете да се ослободите од оваа огорченост штом ќе ја разберете нејзината суштина и штом ќе почнете да живеете поедноставен живот. Се разбира, ова бара многу работа, но на крајот целиот труд ќе се исплати.rn

Од каде потекнува чувството на гнев?

rnНезадоволството се појавува кога некој нема да ги исполни вашите очекувања. Но многу често, овие очекувања се залудни.rn

    rn 011

  • Очекувате саканата личност да ве сфати кога ви се потребни помош и внимание и мислите дека не треба да го кажете тоа на глас.
  • rn 011

  • Очекувате таткото на детето да се сети кога има училишна приредба и сте навредени кога ќе заборави.
  • rn 011

  • Очекувате родителите да ви помогнат во одгледувањето на децата, а тие пак ви кажуваат дека самите ве изгледале.
  • rn 011

  • Очекувате пријателите да ги разберат сите ваши проблеми, кога тие всушност се зафатени со решавање на нивните.
  • rn

rnПостојат уште многу примери, но во секој од нив има неоправдано надевање и на крај, горко разочарување. Покрај тоа, колку повеќе очекувате, толку подолго ќе трае вашето незадоволство.rn

Од каде потекнуваат очекувањата?

rnЛуѓето кои често се навредуваат, несвесно веруваат дека сите околу нив мора да им излезат во пресрет.rn

    rn 011

  • Мажот мора секое утро да ви донесе кафе.
  • rn 011

  • Децата мораат да ги слушаат родителите и да учат.
  • rn 011

  • Пријателите мораат да ви помогнат во тешките моменти.
  • rn 011

  • Родителите мораат да ги сакаат и поддржуваат нивните деца.
  • rn

rn

Што треба да сфатите?

rnКога нештата ќе почнат да се одвиваат спротивно од очекувањата, личноста чувствува големо разочарување. Причините за ова разочарување често се бараат надвор од проблемот и речиси секогаш се наоѓаат. Но мала е веројатноста во овој момент да сфатите што е висинската причина за тоа. Воглавно, кога се навредувате, самите се повредувате бидејќи очекувате другите да ви го дадат она што не сте си го дале сами.rn

Приказна што ќе ви помогне подобро да ја разберете ситуацијата

rnЕднаш еден ученик го запрашал неговиот духовен учител: „Учителу, вие сте ја сфатиле Големата мудрост, секогаш сте во состојба на мир и добро расположение. Никој не ве прави гневен и не се лутите никому. Научете ме да станам таков.“rnrnУчителот одговорил: „Добро, ќе те научам, но за тоа ти е потребна една кеса и компир.“rnrnУченикот го направил она што му го рекол учителот: „Кога ќе се налутиш некому или кога ќе се навредиш поради нешто, запиши го името на таа личност на компирот и стави го во кесата.“rnrnУченикот бил збунет и прашал: „Тоа ли е сè што треба да направам?“rnrn„Не, секогаш треба да ја носиш оваа кеса со себе, каде и да одиш. Секогаш кога некој ќе те вознемири или навреди, мораш да ставиш компир во неа.“rnrnПоминало некое време, а кесата на ученикот почнала да станува потешка. Покрај тоа, првите компири почнале да скапуваат и да шират непријатна миризба. Тогаш, ученикот отишол кај учителот и му рекол: „Не можам повеќе да го носам овој товар и оваа смрдеа со мене. Дајте ми нешто друго.“rnrnНа ова мудрецот одговорил: „Носиш ли нешто друго во својата душа кога си навреден или гневен на луѓето? Штом еднаш се навредиш, не забележуваш дека на твојата душа паднал камен. Со текот на времето, овие камења се таложат. Делата стануваат навики, а навиките стануваат карактер, што води до неморално однесување. Ти дадов прилика да погледнеш сè однадвор. Мислам дека друг пат ќе размислиш дали ти е потребен уште еден камен. Навредата е нешто што се наоѓа само во твојата глава. Научи да ја ослободиш главата од смрдеата и ќе станеш навистина среќна личност.“rnrnДознајте нешто повеќе за суровите сознанија кои најмногу ќе го зајакнат вашиот карактер.