Брзиот начин на живот и секојдневниот стрес на работа се најголемите непријатели на нашето здравје. Во продолжение прочитајте ги најчестите причини за замор кои можеби несвесно ги игнорирате.rnrn
rn
Дехидратација
rnЗаморот честопати се јавува како резултат на дехидратација кога телото испушта повеќе течности отколку што прима. Освен тоа, од големо значење е рамномерното консумирање течности во текот на денот. Внимавајте и да не консумирате голема количина на вода 20 минути пред или по оброкот, што може да ги наруши дигестивните ензими во желудникот и да доведе до лошо варење.rn
Недоволно сон
rnНе заборавајте дека честопати недостатокот од сон може да доведе до поспаност, губење на концентрацијата, проблеми со меморијата и со извршувањето на работните задачи. Освен тоа, хроничниот недостаток на сон го зголемува ризикот од повреди, несреќи, болести, па дури и смрт.rn
Намалени физички активности
rnСпоред едно истражување, физичката активност како возење велосипед, пешачење или пливање може значително да го намали заморот. Освен тоа, овие активности можат и да го подобрат вашето расположение.rn
Зголемен стрес
rnЗголемениот стрес предизвикува лачење на кортизол, чие зголемено ниво во организмот доведува до нерамнотежа на шеќерот во крвта, замор на надбубрежните жлезди и губење на телесната тежина. Иако е невозможно да се избегнат сите стресни фактори во вашиот секојдневен живот, сепак може да го смените начинот на кој се справувате со стресот.rnrnОткако прочитавте кои се најчестите причини за замор, можеби ќе сакате да прочитате и три начини за борба против „дигиталниот замор“.rnrnИзвор: lifehack.org