Родителите во Индија веруваат дека викањето нема да им помогне при воспитување на децата. Комбинацијата од Хиндуизам, Будизам и Ислам го извлекува најдоброто од секоја религија и традиција. Дури и најпроблематичните деца не претрпуваат казни и постои голема причина за постоењето на таквиот пристап. Дознајте како да бидете добри родители според индиските семејства…rnrn
rn
Метод на добрина
rnУште од самото раѓање, децата во Индија учат дека треба да бидат добри кон сите живи суштества. Трпението е од голема важност и се смета за доблест, додека, пак, покажувањето емоции и нервозата се сметаат за гревови.rn
Контролирани информации
rnРодителите не им дозволуваат на децата да гледаат ТВ канали што не се посветени на уметност и образование. Овој пристап е многу важен во денешно време, бидејќи Интернетот и телевизијата може да имаат негативно влијание на карактерот, па дури и да бидат опасни.rn
Манирите се на прво место
rnИндијките многу внимаваат на однесувањето и ги учат нивните деца како да стекнат добри манири. На децата на 2-годишна возраст им се простува ако си играат со храната, но за 10-годишниците таквото однесување не се толерира.rn
Поставување добар пример
rnРодителите во Индија се сигурни дека нивните навики ќе се преточат во идните карактерни особини на нивните деца. Токму затоа, тие не ги караат туку им покажуваат како треба да ги прават работите, водејќи се од нивниот сопствен пример. И постарите генерации учествуваат во ова, бидејќи најчесто повеќе фамилии живеат под еден покрив.rn
Блиска поврзаност
rnДокторите во Индија им препорачуваат на мајките и децата да спијат заедно, бидејќи така можат да се почувствуваат и да останат смирени. Ако бебето стане нервозно, мајката веднаш го зема во раце.rnrn
rn
Размислување на глас
rnУчилишното образование е поврзано со духовноста и толеранцијата. Децата учат како да ги искажуваат мислите и да дискутираат за нив. Тие имаат лекции по јога, сеќавања и насмевки. Самиот образовен систем ги поттикнува да го откријат сопствениот потенцијал.rn
Однесувањето на наставниците
rnНаставниците во Индија мора да бидат многу толерантни. Тие не смеат да покажат незадоволство или да бараат нешто што не го прават самите. Најчесто се организираат собири за да се дискутираат правилата за однесувањето на наставниците, а не на децата.rn
Стремеж кон личен напредок
rnГлавната задача на учениците е да стануваат сѐ подобри и подобри. Секој месец, најдобрите ученици добиваат специјални честитки. Децата во Индија се стремат да бидат подобри од самите себе, а не од другите.rn
Неформално однесување
rnНаставниците не се двоумат дали да ја покажат нивната љубов кон учениците. Тие смеат да ги прегрнуваат децата и да им покажуваат нежност. Сепак, не смеат да имаат миленици, бидејќи секое дете треба да биде подеднакво прифатено.rnrnКако и во секоја земја, воспитните и образовните принципи во Индија се засноваат на менталитетот на луѓето. Нема ништо лошо во тоа доколку научите нешто од нив и станете потрпеливи и понежни кон вашите деца.rnrnВо продолжение прочитајте ги овие 9 чудни начини за воспитување деца ширум светот.