КАФЕ ПАУЗА

Зошто имањето помалку води кон подобар живот?

Written by

in

,

Секој човек сака да биде среќен. Секој од нас секојдневно се обидува да ја задржи својата среќа или пак, се надева дека ќе ја подобри. Некогаш среќата била добри врски, давање на другите и инвестирање во себе за секогаш да се биде подобра личност.rnrnzoshto-imanjeto-pomalku-vodi-kon-podobar-zhivot-kafepauza.mkrnrnНо, нашата култура полека го сменила значењето на среќата во имање на најновите и најубавите работи и трошење пари на предмети за да ги импресионираме другите. Ја предадовме нашата среќа за предметите кои ги имаме и кои сакаме да ги имаме.rnrnВашето време е најскапоценото нешто што го имате на оваа планета. Кога одите на работа вие трошите дел од вашето скапоцено време за пари. Потоа, одите да купите нешто материјално со парите што сте ги заработиле. Ако вашата цел е само да ги купувате најновите и најубавите нешта, вашиот живот ќе заврши со бескраен циклус во кој го трошите вашето време на предмети.rn

Нашите поседувања всушност нѐ поседуваат

rnКога нашиот инстинкт би бил да штедиме наместо да трошиме, замислете колку подобро би ни било. Наместо купување, зошто да не штедиме за да можеме да бидеме финансиски слободни и да бидеме во можност да го трошиме нашето време како што сакаме?rnrnИли пак, уште подобро, зошто да не бидеме благодарни за она што веќе го имаме? Во никој период од историјата луѓето не поседувале олку многу работи, а сепак се толку несреќни. Ако секој ден се будите благодарни за сето она што го имате, вашата желба за нови нешта ќе исчезне.rn

Будење кон среќата

rnЕдно истражување покажало дека луѓето кои се материјалисти имаат лошо емоционално здравје. Луѓето полека почнуваат да сфаќаат дека она што е важно се искуствата, пријателствата и сеќавањата кои ги создаваат. Вие ја имате целата „опрема“ која ви е потребна за да бидете среќни уште денес. Обидете се да се разбудите среќни и благодарни за она што го имате. Фокусирајте се повеќе на вас и на другите, а помалку на материјалните работи.rnrnПогледнете ги и овие совети за подобар живот.