13 работи кои само оние што се во долга врска ги разбираат

Сподели

Знаеме дека сте среќни и исполнети во вашите романтични врски, но признајте, има некои работи кои навистина ви одат по нерви. Сепак, знаете дека и многу други парови кои долго време се заедно се соочуваат со истото, па така товарот ви станува полесен. Ова се 13 нешта кои само оние што се во долги и сериозни врски можат да ги разберат.

Реклама

rn

1. Вашето и семејството на партнерот/ката се чувствуваат многу удобно во ваше друштво

rnВо ред, тоа е нешто што секој човек кој е во врска го посакува. Но, одеднаш станувате свесни дека знаете многу детали за семејството на вашиот партнер, дека тие може слободно да дебатираат пред вас, да зборуваат за финансии и да договараат за важни настани. Тоа е супер, но некогаш ви станува непријатно бидејќи едноставно знаете многу. А, да не зборуваме за тоа колку вашите родители, браќа и сестри се слободни пред вашиот партнер. Тие ви помагаат да сфатите дека вашето семејство можеби е лудо, но и да го сакате вашиот партнер што и покрај сè останал со вас.rn

2. Воопшто не се двоумите пред да облечете нешто удобно со него/неа

rnЗборуваме за петок навечер во стари тренерки на кои ќе ви капне сосот од шпагетите. Некогаш ве загрижува што целата ситуација е толку филмска а толку реална. Чекај, дали на тренерките на партнерот/ката има мала дупка? Дефинитивно сте многу слободни еден со друг.rn

3. Секогаш ве прашуваат каде ви е партнерот/ката

rnНе дај Боже да се појавите сами без друштво на вашата друга половина. Уште пред да ви речат „здраво“ ќе прашаат за него/неа.rn

4. Некогаш не сте сигурни дали треба да го/ја поведете со себе партнерот/ката

rnОк, овие ситуации може да бидат збунувачки. Зошто луѓето едноставно не појаснуваат дали треба да дојдете сами или со него/неа? Така минувате часови размислувајќи дали би било соодветно да го понесете со себе вашиот дечко на куќна слава.rn

5. Знаете да бидете чудни бидејќи само вие се разбирате

rnИмате некои термини и шеги кои само вие меѓусебно ги разбирате што прави луѓето кои се во ваше друштво да ве гледаат со прашален поглед.rn

6. Без да сфатите сте ја присвоиле неговата/нејзината чудна навика

rnЗнаете, онаа за која многупати сте му/ѝ пререкле. Честитки, сега и вие го правите тоа!rn

7. Вашите пријатели може да мислат дека ги запоставувате

rnНе секогаш, но понекогаш. Ве револтира тоа што навистина сакате да дадете сè од себе за да не добијат таков впечаток, но неизбежно е. Така, ќе дојде моментот кога ќе станете папучар или онаа која ги заборавила другарките. Затоа уште повеќе се трудите да воспоставите баланс.

rn

8. Секогаш е тешко кога сте разделени

rnАко вашиот партнер е на службено патување, вие им се враќате на вашите стари навики, а може дури и несвесно да излезете на „сингл“ вечер со другарките. Но, по некој ден, со враќањето на партнерот и вие се враќате во нормала.rn

9. Станувате секс психијатар

rnДури и ве загрижува тоа што може да го претскажете и погодите расположението на вашиот партнер. Не сте изненадени кога ќе ви рече дека сте му ги прочитале мислите.rn

10. Навистина се трудите да ја зачувате својата приватност

rnНе доаѓа предвид да одите во тоалет со отворена врата, но гледате дека поставените бариери полека се рушат. Затоа од петни сили пробувате да одржите некое ниво на интимност.rn

11. Имате навика да испланирате некој настан до лудило

rnВе боли кога ќе чуете како на оние што се во долга врска им е монотоно. Вие знаете дека не важи тоа за вас, но сепак има да испланирате едно такво изненадување и вечер која и двајцата никогаш нема да ја заборавите.rn

12. Знаете сè за нивните колеги/пријатели

rnДури може да „истресете“ нешто што ви е кажано во доверба на некоја средба со нив.rn

13. Вечерта просто не може да ви заврши лошо

rnБидејќи што и да се случи сепак се имате еден со друг и завршувате на кауч по тренерки гледајќи филм. Што и да направите и што и да испланирате е доволно добар план за двајцата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира