КАФЕ ПАУЗА

6 совети за подобар живот

6 совети за подобар живот

Written by

in

,

Дали некогаш сте посакале да ја имате искрата за инспирација секој ден, или пак барем неколку пати во неделата наместо само еднаш во многу долг период? Изгледа дека науката има решение кое ќе ви го направи целиот живот подобар. Истражувачите како Барбара Фредериксон од Универзитетот во Мичиген и Ролин Мекрати од Институтот „HeartMath“ покажале дека емоциите како среќата, благодарноста и чувството на значајност не само што прават да се чувствувате добро во своето тело, туку и ви даваат енергија да правите големи нешта, дури и повеќе од она што сте мислеле дека е можно. Погледнете како…rnrn6 совети за подобар животrn

1. Запрашајте се себеси: „Од што моето срце почнува да пее?“

rnШто во вашата работа ве инспирира, а што ве кочи? Што е тоа што во вашата љубовна врска ве инспирира, а што ве задушува? Што е тоа што во вашиот живот ве исполнува, а што се претворило во рутина? Овие прашања можат да ви бидат отскочна даска за ново ниво на инспирација, енергија, виталност и цел во вашиот живот.rn

2. Бидете отворени и возбудени за истражување на нови нешта

rnБидете отворени за сѐ она што ви го носи животот, бидејќи на тој начин ќе ги поттикнете љубопитноста, скромноста, восприемливоста и флексибилноста во себе. Д-р Брин Браун рекол дека „ранливоста е несигурност, ризик и емоционално разоткривање. Да се биде човек значи да се биде ранлив.“rn

3. Бидете разиграни… сериозно

rnСега кога знаете како е да се биде возрасна личност и кога правите сѐ што е потребно за вашата кариера и фамилија, не заборавајте одвреме-навреме да ја ослободите својата разиграност која ви го направила детството безгрижно, спонтано и преполно со авантури. Разиграноста доведува до флексибилност и до способност да бидете во хармонија со вашиот живот, наместо да давате отпор, да се рушите или да се повлекувате. Разиграноста е кинетичка енергија која ја разгорува креативноста и која привлекува инспирација. Кога се потсетувате дека не треба да го сфаќате животот премногу сериозно, вие ја одбегнувате непотребната драма во ситуации кога е подобро да останете смирени.rn

4. Бидете свои – сите останати се веќе зафатени

rnОскар Вајлд со само една реченица успеал совршено да ја долови оваа потточка. Способноста да се биде свој, без никаков срам е една од најважните нешта за доброто живеење. Автентичноста во себе носи моќ за нови и креативни решенија кога се соочуваме со кризи и предизвици. На овој начин вие можете да најдете нови начини за подобрување на вашата кариера, љубовната врска и сите останати области во вашиот живот, а притоа да се чувствувате слободно во својата кожа.rn

5. Секојдневно правете нешто што ве инспирира

rnДали пеете доволно? Дали танцувате доволно? Играте ли со вашите домашни миленичиња и деца онолку колку што навистина сакате? Излегувате ли на свеж воздух доволно? Наоѓате ли уште време за читање на вашите омилени книги или пак, за разговор со вашите најблиски пријатели? Доколку одговорот на овие и слични прашања е „не“ тогаш мора под итно да направите промена во вашиот живот.rn

6. Бидете благодарни за она што го имате во вашиот живот

rnПостои толку многу убавина во животот и во природата што едноставно не можете да не бидете благодарни. Направете листа на сите оние нешта за коишто сте благодарни. Спомнете ги сите луѓе кои ги сакате, сите херои на кои им се восхитувате, сите оние места кои сакате да ги посетите. Не ги заборавајте ни вашите омилени активности, песни и сѐ останато кое го разигрува вашето срце.rnrnРазбудете ја инспирацијата во вашиот секојдневен живот и видете што ќе се случи. Погледнете кои нови пријатели ќе се појават, кои нови можности ќе ви се отворат и на кој начин оваа нова перспектива ќе го претвори вашиот тежок проблем во креативен предизвик.