КАФЕ ПАУЗА

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Повеќето луѓе ја забележуваат првата појава на брчки во своите доцни 20-ти и раните 30-ти години, а тие се повидливи кај лицата со сува и потенка кожа. Брчките се неизоставен дел од процесот на стареење и никој не ги сака, но и покрај сите козметички и хируршки процедури, не постои начин да ги спречите или трајно да ги отстраните. Покрај годините, брчките може да откријат и многу поважни работи за вашето здравје. Погледнете се во огледало и ако вашето лице има повеќе брчки на одредени места, тоа можеби укажува на некои потенцијални здравствени проблеми.rn

Хоризонтални линии на челото

rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnХоризонталните линии што се појавуваат на челото се нарекуваат и „брчки од грижа“ и со право се наречени така. Лицето кое ги има овие линии на челото најчесто секојдневно преживува голем стрес и ако тие се многу нагласени, тоа значи дека навистина треба да забавите и да ги ревидирате вашите приоритети. Покрај тоа, овие линии може да бидат знак дека внесувате премногу шеќер и пиете многу малку вода.rn

Брчки над левата веѓа

rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnБрчките во оваа област се директно поврзани со слезината. Ако забележите дека линиите во близина на левата веѓа за кратко време стануваат поизразени, тоа би можело да биде знак дека слезината не работи како што треба и не би било лоша идеја да посетите лекар и да проверите што не е во ред со овој орган. Освен тоа, слезината се стимулира со одредени видови слатка храна, па внимавајте на количеството шеќер што го внесувате и препорачливо е да јадете суво овошје наместо преработени шеќери.rn

Брчки над десната веѓа

rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnТие се показатели за нивото на токсини во вашето тело. Црниот дроб е поврзан со кожата, поточно со брчките што се појавуваат во близина на десната веѓа. Значи, ако тие линии се појавуваат почесто од вообичаено, тоа би можело да биде знак за нерамнотежа на црниот дроб. За да го решите ова, преминете на органска храна која вклучува зелен и лиснат зеленчук и обидете се да ги елиминирате силните зачини, внесувањето премногу протеини и да ја намалите солта во вашата исхрана.rn

Брчки над носот

rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnБрчките во оваа област може да бидат знак дека страдате од алергии, но тие, исто така, може да бидат показател за прекумерна вознемиреност и стрес. Покрај тоа, овие брчки може да бидат поврзани и со намаленото либидо поради дисбалансот на половите хормони.rn

Длабоки брчки на краевите на очите

rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnТие често се појавуваат кај луѓе кои „се смеат со цело лице“, но исто така, може да бидат знак и на слаб вид и напнатост во очите или страбизам. Овие брчки, исто така, се поврзуваат со некои внатрешни органи, особено со црниот дроб, со бубрезите и со желудникот, а се појавуваат при нарушувања на животниот стил и се знак дека треба да ја подобрите исхраната и да го намалите внесот на алкохол.rn

Брчки на краевите на устата

rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnОвие брчки се поврзани со функцијата на дебелото црево и може да укажуваат на тоа дека нешто во дигестивниот систем не работи правилно. Можете да си помогнете со пиење повеќе вода, консумирање храна богата со витамин Д, пробиотици и редовно вежбање.rn

Брчки од смеење

rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnСпецифичните линии што се протегаат од носот до устата на границата со образите се поизразени кај луѓето со заоблено лице. Доколку се силно изразени, тие може да бидат знак на лошо функционирање на панкреасот, што може да се подобри преку консумирање производи како лук, боровинки и грозје.rn

Брчки над горната усна

rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnРазвојот на длабоки вертикални линии над горната усна е редовна појава кај пушачите. Иако усните стануваат малку отечени и искривени, основната причина за вертикалните линии на усните е пушењето и прекумерната изложеност на сонце.rnrnСепак, брчките на усните се поврзани и со слезината и може да укажуваат на слабо функционирање на овој орган. Подобрувањето на исхраната преку внесување најразличен зеленчук, вклучувајќи моркови и репка, може да биде корисно за здравјето.rn

Брчки на вратот

rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnЛиниите на вратот се природен феномен и стануваат поизразени како што стареете. Тие може да бидат резултат на прекумерна тежина, а исто така, може да сигнализираат и здравствени проблеми со тироидната жлезда. Здравјето на тироидната жлезда може да се подобри преку внесување цинк во организмот и намалување на внесот на глутен во вашата исхрана. Меѓутоа, ако состојбата на вашата тироидна жлезда се влошува со текот на времето, најдобро е да побарате лекарска помош.rn

Брчки под долната усна

rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnЛиниите што се создаваат помеѓу долната усна и делот на брадата значи дека акумулирате премногу негативна енергија. Ако забележите дека линијата под долната усна е сè поизразена, одвојте малку време за да се опуштите и да го промените пристапот на решавање на проблемите.rnrnПогледнете ја оваа програма од 9 вежби со кои ќе се ослободите од брчките и салото на лицето.