КАФЕ ПАУЗА

Зошто денешните љубовни врски се толку многу нестабилни?

Зошто денешните љубовни врски се толку многу нестабилни?

Во денешно време, поимот „врска“ се сфаќа многу несериозно. Сѐ повеќе млади луѓе влегуваат во врска со некој кој не им се допаѓа само за да не бидат сами. Тие не разбираат како треба да функционира врската и не се подготвени да се борат за нејзиниот опстанок. Токму затоа и креваат раце од неа по првата пречка што ќе им се најде на патот. Зошто врските денес се многу пократкотрајни за разлика од оние во минатото? Ние можеби го имаме одговорот на ова прашање…rnrnЗошто денешните љубовни врски се толку многу нестабилни?rn

Не сме подготвени

rnЧестопати не сме подготвени да правиме компромиси, да се жртвуваме себеси и да љубиме безусловно. Не сакаме да почекаме, туку сакаме сѐ да ни се случи одеднаш. Не им дозволуваме на чувствата да се развиваат, туку си поставуваме временска граница до која мислиме дека би требало да се чувствуваме на одреден начин.rn

Не знаеме да ја распознаеме љубовта од другите емоции

rnСакаме да запознаеме некого со кого би можеле да одиме во кино и во клубови, а не некој кој ќе може да нѐ разбере и да нѐ поддржи во тешките периоди од животот. Не сакаме да имаме здодевен живот, па затоа бараме весел придружник кој ќе може да ни го претвори секојдневието во авантура. Но, не сме подготвени на неизбежната промена која се јавува по одреден период поминат со личноста во која сме се вљубиле.rn

Заглавуваме во рутина

rnПо одреден период, немаме повеќе време и простор за љубовта, бидејќи сме презафатени со потрагата по материјални богатства и личен напредок.rn

Веднаш очекуваме резултати

rnКога ќе се вљубиме во некого, веднаш сакаме нашата врска да биде зрела и стабилна. Но, таа зрелост, исто како и меѓусебното разбирање, се појавува дури по неколку години поминати во врска. Многумина мислат дека не вреди да си го трошат времето и трпението за ништо на светот, па дури ни за љубовта.rn

Претпочитаме залудно да си ја трошиме енергијата

rnПовеќето од нас претпочитаат да поминат еден час со стотици различни луѓе, наместо еден ден со една личност. Во денешно време, владее мислењето дека подобро е постојано да сретнувате нови луѓе, отколку истите вистински да ги запознавате. Ние сме алчни и сакаме да постигнеме сѐ одеднаш. Започнуваме врски и ги прекинуваме веднаш штом налетаме на „подобра“ опција. Не го даваме најдоброто од себе, а очекуваме другите да бидат совршени. Одиме на љубовни состаноци со голем број луѓе, но ретко кога решаваме да дадеме шанса некому.rnrnЗошто денешните љубовни врски се толку многу нестабилни?rn

Зависни сме од технологијата

rnТехнологијата нѐ зближува. Толку сме блиски што таа близина понекогаш дури и нè гуши. Пораките, гласовните пораки и видео повиците го заменија разговорот очи во очи во толку многу случаи. Не мораме да поминуваме време заедно, бидејќи сите веќе се познаваме доволно. Немаме за што да разговараме.rn

Не можеме премногу долго да останеме на едно место

rnМислиме дека врските не се за нас и се плашиме од идејата да останеме со некого засекогаш. Не сакаме да го посветиме животот на само една личност и ги одбегнуваме постојаните работи.rn

Чувствуваме сексуална слобода

rnНашата генерација го има одвоено сексот од љубовта. Денес, луѓето најпрво имаат секс па потоа одлучуваат дали сакаат да бидат заедно. Вонбрачните сексуални односи се сосема нормални, а поимите како „врска без обврски“, „пријатели со бенефиции“ и „секс за една вечер“ се неминовен дел од современиот живот.rn

Размислуваме премногу логично

rnМногу малку млади луѓе можат да сакаат со целото срце и да ги надминат потешкотиите предизвикани од времето и далечината.rn

Премногу се плашиме

rnСе плашиме од нови врски, разочарувања, емоционални повреди и скршени срца и затоа не им дозволуваме на луѓето да влезат во нашиот живот. Градиме ѕидови околу нас кои понекогаш се толку многу дебели и високи што не можеме да видиме каков е светот навистина.rn

Не ги цениме врските

rnБез никаков проблем можеме да ги оставиме луѓето кои нѐ сакаат, бидејќи нивната љубов не ни значи ништо. Премногу сме разочарани од сите луѓе околу нас.rnrnДоколку не ги добивте посакуваните одговори, прочитајте зошто е тажно тоа што младите денес се плашат од сериозна врска.