Без разлика што за ваквото време карактеристична е темната палета на бои, на последните неколку модни недели дизајнерите успешно ги вметнаа и поживите нијанси во нивните зимски колекции. Пробајте ги ваквите модни комбинации за да создадете тренди и свеж изглед како од модните писти.rn
1. Вишна и портокалова
rnПортокаловата боја е задолжителна за есента, но успешно се транзиционира и во зимата. Црпете инспирација од брендовите како Акне кои акцентот во нивната колекција го ставија на портокаловата, но со многу необичен спој, како што е бојата на вишна.rnrn
rn
2. Сина и сива
rnСината и сивата се елегантна комбинација од бои кои се одлични за на работното место. Иако морнарско и кралско сината се сигурни нијанси, дизајнерите како Метју Вилијамсон и Баленсијага целат кон посветли нијанси како небесно и кобалт сина.rnrn
rn
3. Морнарско сина и црвена
rnУште една моќна комбинација од бои е и морнарско сината со црвената. Џил Сандер и Карвен се само неколку од звучните дизајнерски имиња кои ги инкорпорираа ваквите бои во нивните колекции.rnrn
rn
4. Крем и розова
rnПастелните нијанси се голем хит во летните месеци, но оваа сезона тие станаа уште помодерни. Додека повеќето дизајнери ги избираат потемните нијанси од спектарот, звучните имиња како Клои и Џил Сандер ги вметнаа пастелните нијанси во зимските ревии.rnrn
rn
5. Црна и бела
rnКласична комбинација совршена за секое годишно време. Ваквите комбинации беа забележени на ревиите на Александар Венг, Филип Лим и Проенза Шулер.rnrn
rn
6. Розова и жолта
rnКолекцијата на Дијан вон Фурстенбург е доказ дека оваа сезона во центарот на вниманието се веселите бои. Женственото дуо составено од розова и жолта дефинитивно ја разбиваат монотонијата на темните бои карактеристични за студеното време.rnrn
rn
7. Виолетова и црна
rnЕмпорио Армани и Ердем се само неколку од брендовите кои го искористија ваквиот спој на бои. Овие имиња успешно ги споија безвременската црна боја и живата виолетова нијанса. Ваквата комбинација носи возбуда на вообичаениот конзервативен изглед.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
