Животот е прекраток! Времето што го имате е драгоцено и треба да го цените и паметно да го користите. Постојат некои секојдневни работи за кои не вреди да си ја трошите енергијата и нервите. Посветете внимание на она што е навистина значајно. Веднаш ќе се почувствувате подобро ако престанете да се грижите за следниве работи…rnrn
rn
Се чувствувате виновни ако сте пропуштиле да вежбате
rnВо ред е да си дадете слободен ден и не треба да се чувствувате како тотален губитник поради тоа. Како што велат: Потребно е повеќе од една вежба за да имате убаво тело, но потребно е и повеќе од еден слободен ден за да пропадне целиот ваш труд.rn
Плачете поради лошите момчиња
rnПред некој да ја добие титулата „момче“ треба да ја заслужи. Ако постојано ве расплакува и ве остава да седите дома и да се чувствувате лошо за себе, тој навистина не ве заслужува. Вашето време е бесценето и не треба да го трошите седејќи дома додека се растурате од плачење.rn
Имате работа што не ја сакате
rnОставете ја таа работа за некој што ќе биде среќен да го прави тоа. Вашето ограничено, драгоцено време и енергија треба да бидат потрошени на нешто во кое навистина верувате. Животот е прекраток за да бидете несреќни 40 часа неделно.rn
Се навредувате себеси
rnНемојте да си упатувате навреди секогаш кога ќе се погледнете во огледало, кога ги разгледувате вашите слики на Инстаграм, кога пробувате нова облека… Замислете сите тие милиони пати кога сте го критикувале вашето тело, да сте ги искористеле за да си укажете почит, да си дадете комплимент и да ја зголемите вашата самодоверба. Нема сомнеж дека веднаш би се чувствувале подобро!rn
Носите неудобна долна облека
rnДолната облека со чипка, тангите, корсетите, халтерите… Сите тие се навистина убави и можат да направат да се чувствувате секси, но само во спалната соба. Доколку не ви се удобни за носење, едноставно чувајте ги само за посебни прилики и уживајте во удобноста на памучните гаќички. Кој ќе знае дека носите „бапски“ гаќи на работа?rn
Не ги споделувате вашите соништа со вашите најблиски
rnАко не ги споделувате вашите соништа и цели со вашите пријатели, семејство и луѓето што ви значат, тие нема да знаат како да ве поддржат и да ве охрабрат. Доколку го чувате во тајност она што сакате да го создадете, немате право да очекувате дека тоа магично ќе се случи. Не ја потценувајте моќта на зборовите. Никогаш не знаете кој може да ви се најде во одредена ситуација.rn
Премногу сте мрзливи за да внесете промени во вашиот живот
rnИзговорите одземаат многу време: Треба прво да ги измислите, па да си ги повторите додека не почнете да верувате во нив и на крајот да ги искористите во сите области каде што многу поедноставно би било да се фатите за работа и да го завршите тоа што треба. Престанете со ова!rnrn
rn
Се споредувате со други луѓе
rnТоа што посакувате да бидете како некој друг или да живеете нечиј друг живот нема да го смени она што веќе сте. Насочете ја вашата енергија кон тоа да се претворите себеси во она што навистина би сакале да бидете.rn
Не трошите пари на патувања и авантури
rnИма толку многу плажи, планини, ридови, гребени, винарии, реки, мориња, што навистина би било штета да не се обидете да видите барем дел од нив. Зар има подобар начин да ги потрошите заштедените пари од тоа да отпатувате во некој друг свет?rn
Ги критикувате другите
rnТоа нема да направи да се чувствувате подобро, само ќе направи да изгледате уште понесреќни и сурови. Никој не сака да биде во близина на таква личност.rn
Повеќе ги цените размислувањата на другите луѓе
rnЕдинственото мислење за вашиот живот и одлуките во кои можете да имате доверба, се вашите. Вие сте единствениот човек кој го знае секој детаљ од вашиот живот и вие си знаете најдобро. Верувајте си себеси. Вие најдобро знаете што треба да направите, како да постапите и кој пат да го одберете.