Гостински пост: д-р Гоце КрстиновскиrnrnСе викаат умници само затоа што никнуваат во периодот од 17 – 25 година од животот. Тоа се всушност третите катници (молари), заби кои најчесто ја добиваат дијагнозата: заглавен (импактиран) заб.rnrnТоа значи дека забот не се гледа во усната празнина (иако некогаш може и да се гледа) и не може да ја постигне правилната положба. 9 од 10 луѓе имаат барем по еден заглавен умник, додека третина од популацијата ги нема воопшто.
Треба да го имате предвид следново:rn
- rn011
- Само затоа што не ги гледате во вашата уста, не значи дека ги немате!
- Само затоа што ништо не ве боли, не значи дека немате проблем со нив!
rn011
rn
rnИмено, импактираните трети молари се придружени со следниве состојби:rnrn1. инфекција на околното ткивоrn2. кариес (кој може да го зафати и здравиот соседен втор молар)rn3. циста во коскеното ткиво околу забот.rnrnАко имате импактирани умници, а не ви се случило ништо од наведеното, тогаш може да размислувате за тоа да си ги чувате како такви. Но, најважно е да се има ситуацијата под контрола, со редовни рендгенски контроли (на 1-2 години) за да се избегнат состојбите кои можат да се развијат без некои симптоми (како цистата).rnrnРутинската екстракција која се практикуваше во минатото, веќе не се применува. Одлуката за вадење се донесува во консултација со специјалист по орална или максилофацијална хирургија или специјалист ортодонт. Посебно внимание треба да се посвети на случаите во кои забот на рендгенската снимка е во непосредна близина на еден канал во долната вилица низ кој минуваат нервни и крвни садови.rnrnСамата процедура е безболна, почести се полесни постоперативни компликации (оток, болка, инфекција) поради кои најверојатно ќе си добиете еднодневно боледување во дружба со ладни облоги и една доза антибиотик.rnrnЕдно е сигурно, со нивното вадење, умот НЕМА да го изгубите!rn
rn Авторот е специјалист по орална хирургија и имплантологијаrnконтакт-имејл: gocebt23@yahoo.comrnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
