Не е лесно да се биде родител, а понекогаш дури и кога му го посакувате најдоброто на вашето дете, вашите намери можат да предизвикаат токсично однесување. На пример, некои родители се премногу заштитнички настроени кон нивните деца, па тешко им е да им веруваат. Ова води кон нарушувања на нивната приватност, и развивање на многу проблеми кај детето во иднина.rnrn
rnrnЕдна корисничка на Тамблр раскажала приказна за настан на Девојчињата извиднички кога било поставено прашањето: „Дали родителите треба да ги читаат пораките на нивната ќерка или да ја следат нејзината онлајн активност за користење лош јазик и непристојна содржина?“ Изгледа дека постарите и помладите имале многу различни размислувања. Прочитајте го целосното мислење на жената.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДенес бев „гласот на млада жена“ на локален настан за Девојчињата извиднички. Едно од прашањата што беа поставени беше во стилот: „Дали родителите треба да ги читаат пораките на нивните ќерки или да ја набљудуваат нивната онлајн активност за користење лош јазик и непристојна содржина?“rnrnСе изненадив кога првата жена го одговори прашањето како да беше за онлајн малтретирање. Возрасната публика согласно кимаше со главите додека жената зборуваше за важноста да се заштитат децата онлајн.rnrnКога заврши, јас посегнав по микрофонот. Реков: „Кога станува збор за читање на пораките на вашето дете или најавување на нивните профили на социјалните мрежи, 99,9% од времето би ви кажала да не го правите тоа.“rnrnМи одговорија со целосно шокирани погледи. Навистина видов глави кои се вратија наназад од изненадување. Дури и некои од луѓето на бината трепнаа.rnrnСекој гледаше додека објаснував дека одењето зад грбот на детето на таков начин ја ослабува довербата во родителот. Кога реков: „Ова е најефективниот начин да се осигурите дека вашето дете нема да ви каже ништо“, беше како да сум направила откровение.rnrnЛесно е да се разговара за неповрзаноста помеѓу старите и младите, но мислам дека никогаш не ме удрила во лице реалноста од тоа. Беше јасно дека повеќето родители на кои им зборував, никогаш не помислиле на идејата дека таквите постапки се престап.rnrnОва ми кажува колку брзо возрасните забораваат дека и децата се луѓе.rnrnБидејќи имам искусено слични престапи во мојата младост, ова е важен проблем за мене, па сакам да додадам лична приказна.rnrnКога имав околу 13 години, се обидов да ѝ кажам на мајка ми дека можеби имам клиничка депресија. Таа ми се развика и ми рече да не се шегувам за такви нешта. Престанав да ѝ кажувам на мајка ми кога се чувствував депресивно.rnrnКога имав околу 15 години, ја фатив мајка ми на дело како ми го чита дневникот. Призна дека секогаш кога ќе ме видела како пишувам во него, се искрадувала во мојата соба и го читала бидејќи сум пишувала само кога сум во лошо расположение. Престанав да водам дневник.rnrnКога имав околу 18 години, имав нервен слом додека бевме на одмор бидејќи не сакав да одам на факултет. Завршив кај терапевт за, изненадување, депресија.rnrnКога имав околу 21 година, зборував на истиот настан со мајка ми во публиката и подоцна го спомнав инцидентот со дневникот. Таа рече: „Знаеш дека го читав бидејќи бев загрижена дека си депресивна и дека ќе се повредиш, зарем не?“rnrnКога ја нарушувате приватноста на вашите деца, кажувате три нешта:rnrn1. Не ги почитувате нивните права како личност.rnrn2. Не им верувате сами да ги решаваат проблемите или да побараат помош.rnrn3. Веројатно не сте ги слушале кога ви зборувале.rnrnИнформацијата за речиси секој проблем за која мислите дека треба да душкате наоколу, најверојатно можете да ја добиете со комуницирање и слушање на вашето дете.rnrn[/message_box]rnrnПрочитајте ги и овие едноставни совети за онлајн безбедност.
Жена објаснува зошто треба да ја почитувате приватноста на вашето дете
