КАФЕ ПАУЗА

Здравствените придобивки од секојдневното консумирање Ерл Греј

Здравствените придобивки од секојдневното консумирање Ерл Греј

Без сомнение еден од најпознатите и најценетите чаеви во светот е Ерл Греј. Чајот се одликува со карактеристичен мирис и арома благодарение на маслото од кората на бергамот. Според многумина, ваквата мешавина на црн чај со масло од бергамот може да влијае поволно врз дигестивниот и кардиоваскуларниот систем, па дури и да ја спречи појавата на рак. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од консумирањето Ерл Греј.rnrnЗдравствените придобивки од секојдневното консумирање Ерл Грејrn

1. Делува поволно врз здравјето на срцето

rnИстражувањата покажале дека редовното пиење чај Ерл Греј може да го намали ризикот од срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Црниот чај и маслото од бергамот содржат антиоксидантни флавоноиди кои ја подобруваат работата на срцето.rn

2. Може да го намали холестеролот

rnМаслото од бергамот изобилува со флавоноиди, соединенија кои го намалуваат нивото на „лошиот холестерол“ во организмот. Имајќи предвид дека високиот холестерол во крвта може да резултира со коронарна артериска болест, мозочен удар или камењаа во жолчката, редовното пиење Ерл Греј чај може да биде корисно.rn

3. Може да го зајакне дигестивниот систем

rnМаслото од бергамот е богато и со природни растителни соединенија наречени полифеноли. Овие соединенија се од голема важност кога станува збор за здравјето на дигестивниот систем на начин што го поттикнуваат растот на добри бактерии, а истовремено го спречуваат развојот на лошите бактерии како салмонела.rn

4. Може да го намали шеќерот во крвта

rnИстражување од 2013 година покажало дека екстрактите од црн и зелен чај го намалуваат шеќерот во крвта и го подобруваат метаболизмот. Од друга страна, тоа може да значи дека постојат големи шанси чајот да го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2, дебелина и проблеми со бубрезите. Иако ова не е истражено докрај, сепак дава ветувачки резултати.rn

5. Може да го зајакне имунитетот

rnАнтиоксидансите во црниот чај и маслото од бергамот можат да ги неутрализираат слободните радикали кои предизвикуваат оштетување на клетките и ткивата, а следствено на тоа и болести. Оштетувањето предизвикано од страна на слободните радикали може да доведе и до предвремено стареење на кожата, но и појава на заболувања како Алцхајмерова болест и рак.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од консумирањето Ерл Греј, ви препорачуваме да прочитате и зошто ројбос чајот станува сè популарен.rnrnИзвор: greatist.com