Ројбос чајот за кратко време се здоби со популарност помеѓу љубителите на чај ширум светот. Се смета за една од најдобрите алтернативи на црниот и зелениот чај, а се претпочита поради големата количина на антиоксиданти. Овој чај е вистинскиот избор за вас доколку сакате да го одбегнете кофеинот.rnrn
rn
Каков вкус има ројбос чајот?
rnЧајот добива црвена боја додека се вари па оттука произлегува и неговото име – црвен чај или чај од црвена грмушка. Иако ројбос чајот е билен чај, сепак нема никаква поврзаност со зелениот и црниот чај. Има овошен, сладок вкус со земјени ноти, а се консумира како топол или ладен пијалак и е поблаг од зелените и црните чаеви.rnrnРојбос чајот се произведува преку ферментирање на лисјата на Aspalathus linearis, грмушка што се одгледува на западниот брег на Јужна Африка,rn
Здравствени придобивки од консумирање ројбос чај
rn
1. Не содржи кофеин
rnКофеинот е природен стимуланс што се состои во кафето како и во многу видови чај. Умереното консумирање кофеин е безбедно за организмот, но прекумерното консумирање може да доведе до нарушување на спиењето, чувство на немир и вознемиреност, главоболки. Ројбос чајот не содржи кофеин и е одлична замена за црниот и зелениот чај.rn
2. Богат е со антиоксиданти
rnПоради високата содржина на антиоксиданти, ројбос чајот го спречува создавањето на слободни радикали кои се главна причина за појава на воспаление, оштетување на клетките и предвремено стареење. Антиоксидантите во ројбос чајот исто така можат да имаат и антиканцерогени ефекти.rn
3. Го подобрува здравјето на срцето
rnИстражувањата покажуваат дека ројбос чајот го намалува лошиот, а го покачува добриот холестерол. Ова доведува до намален ризик од срцеви заболувања.rn
4. Помага во справувањето со дијабетес
rnРојбос чајот е природен извор на аспалатин, антиоксидант познат по својот антидијабетичен ефект. Го балансира нивото на шеќер во крвта и ја намалува отпорноста на инсулин.rn
Како се подготвува ројбос чајот?
rnНајдобриот начин за подготовка на чајот е да ги следите упатствата на пакувањето. Ги варите листовите чај во вода (исто како и обичниот чај), а потоа го послужувате. Можете да додадете шеќер, мед или млеко по вкус.rn
Дали има несакани ефекти од консумирање ројбос чај?
rnРојбос чајот е безбеден за консумирање, а несаканите ефекти се ретки. Но постојат случаи, иако се многу ретки, на хепатотоксичност (оштетување на црниот дроб) предизвикани од консумирање на ројбос чај, што најверојатно се должи на неговиот хетероген состав.rnrnРојбос чајот може исто така да предизвика негативни интеракции со лекови за хронични заболувања како хипергликемија (високо ниво на шеќер во крвта) и дислипидемија (високо или ниско ниво на липиди во крвта). Затоа најдобро е да се консултирате со вашиот лекар пред да консумирате ројбос чај.rnrnОткако дознавте за придобивките од ројбос чајот, ви препорачуваме да прочитате и кои се несаканите ефекти од чајот од камилица.