КАФЕ ПАУЗА

Заљубени сте во шегаџија? Еве зошто никогаш не смеете да го пуштите да си оди!

Имате покрај себе личност што секогаш кажува шеги и во секое време успева да ве насмее до солзи? Уживате во времето што го минувате заедно и доволно е само неговото присуство за да се почувствувате посреќно? Ако е така, тогаш сте направиле одличен избор во љубовта! Иако шегаџиите често се сметаат за кловнови што не можат да бидат сериозно сфатени, вистината е дека тие се всушност почувствителни и помудри од останатите. Иако се фокусираат на нивната мисија да ги прават луѓето околу нив среќни така што ги издвојуваат и нагласуваат најзабавните делови од секојдневниот живот, сепак имаат и скриена страна од себе што само нивните партнери можат да ја почувствуваат. Па, зошто вреди да ги задржите овие личности покрај себе?rnrnzaljubeni-ste-vo-shegadzhija-eve-zoshto-nikogash-ne-smeete-da-go-pushtite-da-si-odi-www.kafepauza.mkrn

1. Тој ќе ве смее секојдневно

rnСекогаш кога ќе го видите пред себе, вие ќе се смеете. Тој точно знае што да ви каже за да ви измами насмевка на лицето и секој разговор со него ќе ви биде исполнет со смешни коментари и урнебесни вицови.rn

2. Тој е креативен и духовит

rnАко ги прашате писателите кој жанр е најтежок за пишување, поголемиот дел од нив без размислување ќе ви кажат – комедија! Потребна е уникатна комбинација од креативност, духовитост и вистински момент за некој да ве насмее до болка во желудник.rn

3. Тој лесно се носи со непријатните животни ситуации

rnПоголемиот дел од луѓето ги мразат оние непријатните ситуации во кои се чувствуваат засрамено или разоткриено, но за шегаџиите овие моменти се најголем извор на инспирација. Тие секогаш знаат како правилно да постапат и со добра шега да се изборат против непријатноста.rn

4. Тој ќе ве смири кога ќе бидете вознемирени

rnАко сте вознемирени, првата личност што ви паѓа напамет да ја побарате е шегаџијата во вашиот живот. Само тој може да ве насмее кога сте нервозни и да ви покаже дека не постои толку голем проблем што никогаш повторно нема да ви дозволи да бидете среќни.rn

5. Тој може да ве насмее и кога сте бесни

rnНе постојат многу луѓе што сакаат да бидат во ваша близина кога сте бесни. Повеќето само дополнителни се вознемируваат од овие емоции, па поради тоа и бегаат што подалеку од луѓето кои ги имаат. Но не и вашиот шегаџија – тој е способен целосно да ве смири и утеши!rn

6. Тој ви помага да верувате во својата иднина

rnСекогаш кога ќе почнете да се сомневате во себе, шегаџијата ќе ви ја врати вербата. Иако често се шегува, тој има и сериозна страна што ја покажува само на личноста што ја љуби. На тој начин станува вашата најголема поддршка и личноста што секогаш ќе ве турка кон напред.rnrnПрочитајте ги и овие необични описи на љубовта кои ќе ви го стоплат срцето.