КАФЕ ПАУЗА

Наследничките на Марија Кири: Две нови добитнички на Нобелова награда за физика и хемија

Наследничките на Марија Кири: Две нови добитнички на Нобелова награда за физика и хемија

Двете жени што оваа недела добија Нобелова награда за физика и хемија ги следат стапките на неверојатната Марија Кири, првата жена која ги освоила двете награди и единствената личност што е наградена во две различни категории.rnrnНаследничките на Марија Кири: Две нови добитнички на Нобелова награда за физика и хемијаrnrnМарија Склодовска била родена во Полска во 1876-та година. Кога се преселила во Париз како студентка, се соочила со живот во сиромаштија, ксенофобија и непријателство. Но, во моментот на нејзината смрт била вистинска ѕвезда која ја оплакувало и славело целото општество. Таа и нејзиниот сопруг Пјер Кири ја развиле теоријата за радиоактивноста (термин кој Марија самата го смислила) и откриле два нови елемента – полониум и радиум.rnrnВо 1903-та година Марија ја добила Нобеловата награда за физика, а за малку немало да добие ни номинација. Нејзиниот сопруг во последен момент напишал писмо до Шведската кралска академија со молба да ја додадат на листата на кандидати.rnrnБрачниот пар е одговорен и за преносниот рендген кој можел да се користи на военото поле во Првата светска војна, а веднаш потоа го спровеле и првото истражување за изотопи кои ги убиваат туморите.rnrnВо 1911-та година Марија Кири станала првата жена што добила Нобелова награда за хемија и првата личност со две Нобелови награди.rnrnПотребни биле 24 години за наградата за хемија да дојде во рацете на друга жена – нејзината ќерка Ирена. Марија починала на 66 години од леукемија која настанала како резултат на постојаната изложеност на радиоактивни елементи и рендгенски зраци. Истата судбина ја дочекала и Ирена која умрела на 58 години.rnrnПо нив, во 80 години само 5 жени добиле Нобелова награда за хемија и физика, од кои две беа наградени дури оваа недела.rnrn

Наследничките на Марија Кири: Две нови добитнички на Нобелова награда за физика и хемија
Дона Стрикленд
rnrnВо вторникот Канаѓанката Дона Стрикленд е прогласена како добитничка на Нобелова награда за физика, а 24 часа подоцна американската биохемичарка Френсис Арнолд ја добила наградата за хемија.rnrn
Наследничките на Марија Кири: Две нови добитнички на Нобелова награда за физика и хемија
Френсис Арнолд
rnrnАда Јонат, последната добитничка на наградата за хемија пред Арнолд изјавила дека на студиите ја инспирирала токму приказната на Марија Кири.rn

„Жените сочинуваат половина од светската популација. Мислам дека населението губи половина од можностите со тоа што не ги охрабрува жените да работат во областа на науката. Тие можат да направат неверојатни работи ако се посветат на тоа“, изјавила Јонат.

rnДали знаете што е потребно за да освоите Нобелова награда?